Тајните на заведувањето: Предигра која ќе ве направи совршен љубовник
Квалитетната предигра подразбира посветување на сите делови од телото на партнерката, а благодарение на овие тајни таа со сигурност ќе помисли дека вие сте совршениот љубовник.
Во текот на предиграта најважно е да создадете сексуална тензија која едвај може да се издржи.
Во тоа ќе ви помогнат овие 6 тајни:
1. Размена на нежности
Додека гледате филм, готвите ручек или пиете кафе разменувајте нежности со партнерката и полека ослободувајте ја од облеката, дозволувајќи и да ужива во ослободувањето. Жените уживаат кога се предизвикани.
2. Предизвици
Ризичните, нежни допири на незгодните места делуваат многу возбудливо. Важно е да и дозволите да го почувствува вашиот краток допир и потоа на брзина да ја тргнете раката назад. Овој вид на предизвици ќе ја излудат вашата партнерка.
3. Француски бакнеж
Долгиот, страстен бакнеж делува стимултано на жените и веднаш ги асоцира на секс. Најважно за овој бакнеж е да го одберете вистинското време и место, но и бакнежот да биде долг, бавен и сензуален.
4. Масажа
Дајте и до знаење дека сакате да ја опуштите со помош на масажа, па таа нека легне на стомак и полека започнете да ја масирате од вратот па надолу. Помеѓу допирите правете пауза и продолжете да ја бакнувате по целото тело. Обрнете внимание особено на внатрешната страна од бутовите, а повремено допирајте ја по интимните делови.
5. Врат
Вратот е една од најчувствителните зони, особено ако вашата цел е моментално да ја возбудите девојката, тогаш обрнете внимание на нејзиниот врат. Не брзајте додека ја бакнувате по вратот и користете нежни бакнежи.
6. Возбудете ја без допири
Во текот на денот испратете и некоја секси порака, секси фотографија или кога ќе се слушнете напоменете и да биде подготвена за вас. Бидете внимателни, бидејќи лесно може да се помине границата, затоа оставете ја сама да си создаде слика и да фантазира.