Најстрашните исповеди за неверство: Приказни заради кои ќе сакате да останете сингл засекогаш

Неверството е можеби единствената работа за која и мажите и жените се согласуваат дека е непростлива. Емоционалните последици се толку силни, што често пати оние кои го преживеале сакаат вечно да останат сами.

najstrasnite-ispovedi-za-neverstvo-prikazni-zaradi-koi-ke-sakate-da-ostanete-singl-zasekogas-01.jpg

Ова се само дел од приказните кои се случуваат низ светот:

1. Роденден

Сакав да му испланирам роденденска забава на своето момче, со кое инаку се расправав преку 1 година. Го прашав неговиот пријател дали ќе ми помогне во планирањето, а тој чудно ме погледна и ми рече: „Да, ќе ти помогнам, но мислам дека тој има други планови со својата девојка.“ Само стоев и го гледав, на што додаде: „Извини, мислев дека сте раскинале затоа што веќе има нова девојка...“


2. Дизниленд

Работам во Дизниленд, па моето долгогодишно момче ме праша дали можам да му дадам влезници за да ја однесе сестра му за роденден. Излезе дека не била сестра му, туку друга девојка во прашање... Погодете кој ме виде и побегна додека јас бев на смена?


3. Фејсбук неверство

Бевме заедно уште од средно, но заради факултетот се одвоивме во посебни градови. Еднаш кога дојде да ме посети за викенд, случајно го заборави Фејсбукот вклучен. Тогаш налетав на експлицитните пораки од една девојка. „Кога ќе раскинеш со неа?“ и „Синоќа беше совршено љубов!“ беа само дел од пораките. Немав храброст да ги дочитам оние малку посексуалните.

najstrasnite-ispovedi-za-neverstvo-prikazni-zaradi-koi-ke-sakate-da-ostanete-singl-zasekogas-03.gif

4. Видео

Уште кога бев бруцош на факултет, ненадејно дечкото ме остави. Не разбирав зошто. 10 години подоцна, уште сме пријатели на Фејсбук и комуницираме без никакви задни намери. Сега скоро прикачи видео од 2003-та година (кога бевме заедно) на кое се бакнува со друга девојка. Конечно си го добив објаснувањето.


5. Упс...

Нема да верувате, но неговата мајка „случајно“ ми кажа дека тој е оженет и има дете...


6. Најдобра пријателка

Бевме заедно 5 години и штотуку верени. Кога конечно стигнав дома после 16 часа работа, го најдов на трпезариската маса седнат спроти мојата пријателка. Таа беше трудна, со негово дете. Се обидуваа да објаснат како тоа била една „несреќна случајност.“ Тоа беше интересна и долга ноќ...


7. Песна во 3 наутро

Неговата „друга“ девојка ми се јави во 3 часот по полноќ да ми пее песна од Pussycat Dolls. Верувале или не, звучеше многу полошо од нив...

najstrasnite-ispovedi-za-neverstvo-prikazni-zaradi-koi-ke-sakate-da-ostanete-singl-zasekogas-02.gif

8. Проститутки

Со мојот сопруг лежевме на троседот 7 месеци по венчавката. Некој број му прати порака со содржина дали е слободен вечерва. Го гуглав бројот на телефон и тој ме одведе до сајт за проститутки. Кога ги проверив и останатите повици, наидов на 10-тина различни имиња од проститутки. Разводот е конечен од минатата недела.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg