5 Машки исповеди: Зошто ја изневерив мојата девојка?
Изневерувањето е релативна работа во животот и може да се случи неочекувано, свесно или несвесно.
Секако со причина, односно своја причина во главата која не секој ја разбира.
Овие 5 момци решиле да откријат зошто ги изневериле своите девојки со кои биле во долги врски.
Дали нивните причини ги оправдуваат нивните постапки или не, одлучете сами и споделете го мислењето со нас.
1. "Една вечер мојата девојка ми призна дека ме изневерила. Јас го напуштив нашиот стан и заминав да пијам со другарите. Во ноќниот клуб запознав една лесна девојка и заминавме кај неа дома, но не се почувствував виновен воопшто бидејќи мојата девојка прва ме изневери, а освен тоа раскинавме наредниот ден, што значи дека изневерувањето не беше баш изневерување."
2. "Не бев подготвен да имам секс само со една девојка до крајот на животот, затоа ја изневерив мојата девојка со која бевме повеќе од 2 години заедно. Едноставно се случи, не само еднаш туку повеќе пати, но не би сакал да навлегувам во детали."
3. "Ова што ќе го кажам е глупаво клише, но вистина. Неодамна заминав на славење 10 години од матура заедно со моите колеги. Таму беше и мојата бивша девојка со која прво се испијанивме, а потоа завршивме во тоалетот од ресторанот. Не обвинувам никој освен себеси за тоа што го направив, освен преголемата контрола на мојата девојка која постојано се интересираше каде одам и со кого одам, што правам и слично. Девојки, ако мажот сака да ве изневери ќе го направи тоа на обично место, со личност која никогаш нема да ви падне на памет, само за да ви докаже дека е попаметен од вас."
4. "Мојата девојка се пресели во друг град поради студиите и одлучивме да ја одржуваме нашата врска на далечина. Знаевме дека ќе биде тешко за двајцата, но многу се сакавме, односно таа ме сакаше многу. Ја немав видено неколку месеци и ја изневерив на забава на која бев заедно со колегите од работа. Тоа го направив со моја колешка која денес е моја девојка. Жал ми е за тоа што го направив, но кога ќе размислам подобро, штом јас сум го направил, сигурно и таа го направила истото, бидејќи и таа е човек со сексуални потреби, нели?"
5. "Запознав друга девојка со која си поминував подобро отколку со мојата девојка, но не знаев како да и раскинам бидејќи имавме долга врска зад себе. Не го гледам тоа како изговор што ја изневерив, туку немав доволно храброст, тоа е мојата грешка. Доколку и признаев дека не ја сакам повеќе ќе беше подобро за двајцата отколку да дознае на начинот на кој што дозна, во мојот стан, јас и новата девојка во креветот кој таа тоа утро го намести за мене пред да замине на работа."