Девојките откриваат: Момци вака се флертува правилно!
Некои немаат искуство, други сакаат да импресионираат, а трети се многу срамежливи или нападни со што ги одбиваат девојките уште при фазата на флертувањето.
Доколку девојките покажуваат интерес при флертувањето, а истиот го губат во меѓувреме, тогаш најверојатно не флертувате како што треба.
Девојките конечно открија како се флертува правилно, па доколку сакате некоја од нив да падне на вашиот флерт, подобро ќе биде да ги следите овие правила.
Не гледајте нападно
Наместо тоа, кратки погледи проследени со кратки и слатки насмевки се доволни за да покажат интерес од ваша страна.
Внимавајте на очниот контакт
Бидејќи истиот е многу важен при започнувањето на флертот, а доколку истиот го воспоставите, половина од работата е веќе завршена.
Доколку сакате да ја почестите со пијалак, почастете ги и нејзините пријателки
Девојките сакаат кога нивните пријателки го симпатизираат момчето кое флертува со нив, па затоа доколку сакате да ги придобиете нивните симпатии веднаш, почестете ги и нив со пијалак како што планирате тоа да го направите со девојката што ви се допаѓа.
За разлика од другите момци, почестете ја со песна, наместо со пијалак
Доколку не сакате да бидете клише момче кое прави клише работи, наместо пијалак почестете ја со песна. Верувајте ќе се изненади и воодушеви од вашиот гест што е далеку подобар од пијалок.
Не очекувајте ништо во замена за пијалакот или песната
Бидејќи девојките знаат кога вие очекувате што било од нив, а доколку се почувствуваат загрозени, можно е да ве почестат и тие вас само за да им се тргнете од глава.
Не давајте комплименти
Сите ја прават истата грешка при флертување и даваат надреални комплименти, кажувајќи ѝ на девојката колку е убава, најубава, идеална...
Не го правете тоа воопшто, обична забелешка дека изгледа добро ќе биде доволно.
Бидете нормални
Наместо да се обидувате да импресионирате или да се срамите од девојката, бидете нормални, односно однесувајте се и зборувајте со неа како да зборувате со пријател.
Не се обидувајте да бидете во центар на внимание
Често момците за да го привлечат вниманието на девојката, заедно со своите пријатели прават сè за да бидат во центар на вниманието. На девојките тоа им е глупаво, запомнете.
Наместо бакнеж во уста, бакнете ѝ ја раката
Доколку успеете да ја придобиете веднаш се очекува бакнеж за потврда, но наместо тоа бакнете ѝ ја раката, така ќе се стопи. Бакнувањето одложете го за подоцна и понудете ѝ да танцувате, заинтересираноста за вас кај неа сигурно ќе се зголеми.