Лоши навики кои ја саботираат и најдобрата врска
Ниту една врска не е совршена и без расправии. На секому му се случува да западне во некои од замките на егото кои многу бргу ќе ја уништат љубовта и секако на крај и вашата врска.
Никако не ви излегува од глава последната расправија? Не умеете да го изненадите со мал поклон без да очекувате дека наскоро изненадувањето ќе ви биде возвратено? Ова се некои од главните грешки кои ги практикуваме во врската.
1. Не простувате ниту пак заборавате
Дали умеете со вашиот партнер добро да комуницирате? Односот е рамноправно заедничко функционирање на две зрели личности? Умеете да се расправате без да користите тешки навредливи зборови? Доста чест проблем во врските е лошата комуникација. Едноставно не умеете од расправиите да го извлечете најдоброто и да наидете на компромис туку едноставно полесно ви е да се налутите и исфрустрирате. Ако извлекувате само замерки, вашата врска е со сигурност осудена на пропаст. Научете се преминете преку некои работи и да му простите на партнерот.
2. Постојано следење
Секако дека мала доза на љубомора е здрава за врската и таа е нормален знак и зачин на секоја врска. Во случај да почнете да претерувате со „душкањето“ по мобилниот телефон и Фејсбук профилот на вашиот партнер дајте си издишка. Ова веќе не е нормална реакција. Запрашајте се каде лежи проблемот. Во вас? Немате самодоверба? Или паричката е свртена на другата страна и партнерот прави нешто што вам не ви одговара? Подобро разговарајте и расчистете ги сомнежите. Недовербата ја гуши и најдобрата врска.
3. Превисоки очекувања
Сакаш твојот партнер да ги чита твоите мисли? Да биде во твоја кожа и глава исто како да е во своја? Да бидеме реални. Тоа е невозможно. Веројатно е дека по подолг период ќе ги научите своите потреби и желби, но партнерот не може секогаш да знае како да ве гушка и како да ве бакнува. Предходното знаење само ја спречува спонтаноста во врската, а и никој не сака да ги прави работите „ради реда“ и затоа што мора. Дали вие би го сакале тоа?
4. Одмерување
Дали сте дел од оние личности кои секогаш мерат и одмеруваат кој, колку и како направил за партнерот? И дали се водите по животната навика на „колку ти мене толку и ја тебе“? Ако градите ваков однос со вашиот партнер овде веќе нема простор и не станува збор за љубов. Тука постои само вашето его. Ако сакате да направите нешто за вашиот партнер, сторете го тоа и пријатно изненадете го без да очекувате нешто за возврат.
5. Целосна зависност од партнерот
Колку и да ви изгледа како совршена сликата во која со партнерот се правите заедно и секаде сте заедно, немојте да се залажувате, за здрав однос потребно е да имате и време за себе. Секој партнер како што треба да научи да се посвети на односот и на другата личност така треба да ги одржува и своите лични цели и амбиции и времето за себе. Не треба сите пријатели да ви бидат заеднички, да сакате буквално исти хобиња. Разноликоста како и спонтаноста е уште еден зачин на врската која ја прави поцврста и долготрајна.
6. Озборување пред пријателите
Цело попладне го минавте со пријателките на кафе озборувајќи го партнерот за тоа колку ве нервира. Тоа што секое утро минува повеќе време во тоалетот повеќе од вас, не значи дека треба да го вреѓате пред пријателките. На тој начин не дозволувате другите да го почитуваат вашиот партнер и само ќе ги уништите позитивните чувства.
7. Споредување
Јас сум подобар/ра во врската? Јас сум поубав/а? Јас повеќе сакам? Или на другата страна споредување со некој друг „потенцијален кандидат“ кој во некои карактеристики е подобар од вашиот партнер. На овој начин само ќе придонесе за поголемо незадоволство. И секако споредувањето на вас како пар со некој друг пар. Не постојат два исти пара. Љубовта не се споредува.