5 типови девојки на Фејсбук кои е пожелно да ги избегнувате
Ви се допаѓа девојката на Фејсбук која од неодамна ја додадовте? Пред да се одлучите да излезете со неа внимавајте да не припаѓа на некои од овие типови на девојки.
Истражувањата кои се направени на социјалните мрежи покажале дека луѓето, и секако важно за овде, девојките кои се поактивни на Фејсбук исто така се и поосамени и имаат потреба од внимание.
Постојано постираат слики, музика или статуси? Овие активности лесно можат да ви откријат за каква личност станува збор и можете лесно да ги воочите потенцијалните мани.
Еднаш штом ќе ги забележите главните сигнали, можете да одлучите дали би сакале да бидете во врска со девојката. Секако не треба да се потпирате само на нејзината профил слика и воопшто нејзиниот профил, но можете барем подобро да ја запознаете преку нејзините активности.
Ова се 5 типови на девојки со кои најверојатно ќе имате проблеми и расправии.
1. Кралица на драмите
Статус: „На крајот се покажува дека не можеш да се потпреш на никој друг освен на самиот себе си!!“
Дали сте подготвени да имате „испади“ барем 3 пати дневно? Доколку сакате да ги избегнете непријатните ситуации на флертување и излегување со хистерична девојка чија единствена потреба е потребата да биде центар на вниманието, потребно е веднаш да се откажете од овој тип на девојки. Тука нема да добиете ништо повеќе од само пасивна агресивност.
2. Несигурна
Статус: „Се чувствуван грдо и грозно денес... :(“
Подготвени да одговарате на прашањата: „Дали сум ти убава денес?“, „Мислиш дека ми стои добро оваа маичка?“, „Предебела сум. Предебела сум? Што мислиш ти?“? Во случај да сакате да ги избегнете тантрумите на девојката која нема ни трошка самодоверба или очајно посакува пофалби и комплименти подобро е воопшто да не се обидувате со овој тип на девојка. Едноставно не е за вас.
3. Страствен љубител на алкохолот
Статус: „Алкохоооооооооол. Вечерва ќе биде луда!“
Сакате некого во полузаспана и пијана состојба да носите дома? Овој тип на девојка е навистина забавен за излегување, но веројатно нема да ви биде забавно доколку треба да ја носите дома.
4. Продуховена девојка
Статус: „Биди промената која сакаш да ја видиш во светот.“
Девојката која ќе се одлучи да постира ваков статус навистина работи на себеси. И тоа е супер. Секој кој се труди за својот ментален и духовен развој заслужува почит. Но, од овој тип на девојка можете единствено да добиете само духовни монолози на првиот состанок.
5. Ултимативна девојка
Статус: „Ако не се сложуваш со мене, слободно избриши ме од листата на пријатели.“
Доколку се одлучите за овој тип на девојка бидете подготвени на многубројни критики. Никогаш нема да го достигнете нејзиниот идеал, ниту пак да дојдете до заеднички компромис. Секако станува збор за бескомпромисна личност која смета дека е центар на светот.