Како да одберете кога се двоумите меѓу двајца мажи?
Токму во овој момент сте во ситуација на тешко двоумење. Велат „кога нема, нема. А кога има, има„. И ви се чини дека поуката не е далеку од лагата нели? На средина сте меѓу двајца додворувачи и единственото прашање кое ви се врти во главата е: „Кој е вистинскиот?“
Постојат 9 едноставни правила по кои можете да се водите за да стигнете до оној вистинскиот.
1. Проценете ги квалитетите и на двајцата
Секој од нас има свои сопствени критериуми за тоа како треба да изгледа идеалниот партнер, а постојат и некои универзални карактеристики кои секој маж треба да ги поседува. Веројатно секоја девојка посакува нејзиниот партнер да биде верен, добар и да ја подржува во се. Така во оваа ситуација сторете го токму тоа. Утврдете кои се квалитетите кои најмногу посакувате да ги има вашиот идеален партнер и добро размислете кој од двајцата е компатибилен со вашата листа.
2. Колку сте компатибилни?
Покрај квалитетите кои посакувате да ги има вашиот идеален партнер има и неколку работи со кои тој треба да се совпаѓа со вас. Станува збор за оние работи кои всушност го градат нашиот живот, а тоа се нашите животни одлуки. Дали сакате да стапите во брак? Дали сакате да изградите успешна кариера? Колку деца сакате да имате? Каде и како посакувате да живеете? Тоа се неколку од важните прашања на кои треба да одговорите и да процените кој од овие двајца потенцијални партнери е покомпатибилен со вас во однос на животните одлуки.
3. Емоциите малку на страна
Не станува збор за тоа целосно да ги отфрлите барањата на вашето срце. Станува збор за тоа да се потрудите да бидете што е можно поаналитични. На листата која ја направивте за изгледот на вашиот идеален партнер запишете ги имињата и проверете кој од нив поседува поголем број од цртите кои ги барате. Секако дека мала е веројатноста да ги имаат сите, но важно е да проверите кој поседува поголем број.
4. Фактори кои ја уништуваат врската
Размислете и за работите кои во ниту еден случај не можете да ги трпите кај вашиот идеален партнер. Можеби не умее да прави компромиси? Избувлив е? Ако поседува некоја од карактерните црти кои никако не можете да ги истрпите можеби е подобро и да не го губите времето?
5. Земете ги предвид вашите емоции
Добро размислете како се чувствувате кога сте покрај еден од додворувачите. Со кого сакате повеќе да го минувате времето? Кој најмногу ве засмејува? Од кого повеќе имате пеперутки во стомакот? Кој повеќе сексуално ве возбудува? Добро проверете и што срцето има да каже.
6. Внимавајте на суптилните знаци
Добар дел од вашето внимание посветете го и на откривање на некои прикриени знаци кои би можеле да ви ја уништат врската. Дали можеби има негативен став кон животот? Можеби константно другите му се виновни? Дали можеби избрзува? Некои нешта потешко се забележуваат кога на себе носите розови очила нели?
7. Како се снаоѓа во животот
Посветете внимание и на тоа колку умее да биде самостален и колку е во способност да се справи со тешките животни ситуации. Знае сам барем едно јајце да си зготви? Може да ви помогне во чистење? Како се сноси со неочекуваните предизвици? Умее ли да забележи кога ќе згреши?
8. Чувството на измама
Кога сте со едниот од додворувачите дали ви се јавува чувството како да го „варате“ другиот? Можеби срцето ви кажува дека токму на таа личност сте подготвени да и се посветите и да и бидете верни.
9. Послушајте го срцето
Како за крај, после сите добри логички анализи и потсвесни забелешки едноставно затворете го срцето и слушајте што има да ви каже. Еден од нив е вистинскиот? Или можеби ниту еден? Не избрзувајте во одлуките. Сепак станува збор за една од поважните работи во животот. Подобро да откриете сега, отколку за неколку години.