7 Причини зошто врските на далечина се најубави

Некои се против нив, некои мислат дека сепак успеваат, но врските на далечина искрено се најубавото нешто што може да ви се случи во животот.

7-pricini-zosto-vrskite-na-dalecina-se-najubavi-2

Сигурно мислите дека сепак тоа не е вистина, но откако ќе ги прочитате следните причини кои ќе ви го потврдат тоа, ќе сфатите за што станува збор.

1. Далечината е доказ дека вашата љубов е вистинска

Штом вие сте останале заедно и покрај тоа што немате можност да се гледате постојано, вашата љубов е доволно силна да издржи не само далечина, туку било каква и да е препрека во животот.


2. Вие си недостигате постојано

Наместо да ви станува монотоно секојдневието поради тоа што се гледате постојано, вие си недостигате еден на друг и секогаш кога ќе се видите има што да си кажете и си поминувате одлично заедно.


3. Исчекувањето при патувањето до него/неа е неверојатно

Возењето во автобус, со автомобил или летањето со авион само за да го видите саканиот, размислувајќи на него цел пат, исчекувајќи да се стопите во неговата прегратка е неверојатно чувство кое го чувствуваат само паровите кои имаат врска на далечина.

7-pricini-zosto-vrskite-na-dalecina-se-najubavi-3

4. Сексот е божествен

Кога ќе се видите, вие сте повеќе возбудени од паровите кои имаат секс секој ден и истиот им станал рутина.

Кај вас сексот е водење љубов и едноставно е божествен бидејќи го правите на посебен начин секој пат, знаејќи дека нема да го видите партнерот извесен период.


5. Не постои монотонија

Паровите кои имаат врска на далечина никогаш не се соочуваат со монотонија, ниту пак расправии, бидејќи не се гледаат често и секогаш им е интересно.

Знаат дека времето на расправии може да го искористат на друг начин, како на пример заедничко готвење, бакнување и прегрнување, додека не помине лутината.


6. Двајцата имате поголема слобода и време за себе

Поради тоа што сте далеку еден од друг имате поголема слобода од паровите кои постојано се заедно, но тоа не ви пречи бидејќи штом вашата врска на далечина успева, вие имате доверба.

Довербата е темел на вистинската љубов која никогаш нема да се сруши, а вие го знаете тоа.

Исто така знаете дека секој човек има потреба од посветено време самиот на себе и си го дозволувате тоа и вие и вашиот партнер не лутејќи се еден на друг.


7. Далеку од очите, поблиску до срцето

Вие ја разбивате изреката далеку од очи далеку од срце, бидејќи кога сте далеку еден од друг сè повеќе и повеќе се заљубувате еден во друг, знаејќи дека не може да се допрете, бакнете, гушнете, едноставно горите еден за друг, а таквиот пламен никогаш не згаснува.

7-pricini-zosto-vrskite-na-dalecina-se-najubavi-1

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg