Што крие вашиот сопруг од вас?
Без разлика колку долго сте во брак или колку долго се познавате со вашиот сопруг претходно, постојат неколку работи во неговиот живот кои тој секогаш ќе си ги чува во тајност.
Според истражувањата, ова се тие 4 работи кои секој маж ги крие од својата жена во бракот.
1. Неговата несигурност
Исто како и жените кои немаат доволно голема самодоверба поради целулитот, стриите или брчките околу очите, така и мажите може да бидат несигурни околу својот изглед.
Тие како и жените често се прашуваат како изгледаат во очите на својата партнерка, но никогаш не ги прашуваат нив за истото бидејќи се плашат од одговорот.
2. Неговите чувства
Тој можеби ви кажува дека му значите, но не ви кажува колку ве сака, зошто, како и слични вакви работи за кои се срами да зборува бидејќи е резервирано отворен, наместо да биде целосно отворен и да ги искаже своите чувства до крај.
3. Неговата зависност од вас
Тој како и секој друг сопруг се навикнал на присуството на неговата сопруга и станал зависен од сето она што вие го правите за него, но никогаш нема да ви каже дека навистина е зависен.
Тоа може да го дознаете преку неговите шеги во кои ви кажува спротивно, односно дека може без вас бидејќи е возрасен маж кој може да се грижи самиот за себе без потреба од жена.
4. Неговата потреба за секс
Тој не секогаш е расположен за секс како што си мислите вие, но никогаш нема да ве одбие.
Затоа наредниот пат кога гледате дека со неволност го прифаќа вашиот предизвик, изненадете го и кажете му дека сакате само да се галите под чаршавите.
Голема е веројатноста неговото расположение само да се промени.