7 Работи кои мажите ги бараат од жените, а не се поврзани со изгледот
Повеќето жени мислат дека на мажите најважен и пресуден им е физичкиот изглед кај нив, но тоа не е вистина. Постојат некои работи кои се многу поважни од изгледот, дури и за мажите.
Понекогаш колку и да изгледа некоја девојка добро, нема да може да освои некој маж доколку нема некоја од овие 7 карактеристики:
1. Единственост
Вистинската убавина доаѓа однатре. Има многу жени кои изгледаат совршено, но карактерот им е ужасен. Мажите сакаат жена која е своја и која држи до себе во сите прилики.
2. Почит
Како што се претставувате себе, така ќе ве гледаат другите. Таа врска важи во сите видови контакти, па и оние на друштвените мрежи. Ако на нив се прикажувате во лошо светло, тоа нема да им се допадне на мажите. Оние девојки кои 100 пати дневно објавуваат фотографии со кој и каде биле, не го привлекуваат посилниот пол.
3. Приврзаност
За мажите физичкиот контакт е многу важен. Не се воздржувајте да го прегрнете партнерот и да го бакнете страсно. Тоа многу ќе му значи. Како и жените, така и мажите сакаат кога некој ќе им ја фати раката или ќе ги праша каков им бил денот.
4. Интелигенција
Интелигентниот разговор е она што ги возбудува мажите. Интелигентните жени сакаат да знаат многу работи и да можат да ги променат постоечките. Тие размислуваат критички и ги поттикнуваат мажите на размислување.
5. Самодоверба
Повеќето мажи се среќни кога ќе запознаат жена која има самодоверба. Жена која се сака себе и која храбро се соочува со своите маани, има храброст да го сака својот маж таков каков што е.
6. Амбиции
Мажите сакаат да се грижат за семејството и да планираат сè до детали, затоа им е важно покрај себе да имаат жена со слични склоности. Донесувањето одлука не е лесно, а тој процес го олеснува одлучната партнерка. Жената која планира е и амбициозна, а нејзината желба да биде сè најдобро делува како магнет за мажите.
7. Скромност
Кога бараат партнерка мажите често сакаат таа да е скромна. Таквите жени полесно сочувствуваат со другите. Тие често туѓата среќа ја ставаат пред својата. Со таквата скромна и грижлива партнерка мажите чувствуваат среќа и мир.