16 Причини зошто да се заљубите во уметник
Уметниците не се само обични луѓе, тие се посебни луѓе кои го менуваат светот со својата креативност, индивидуализам и сакаат да ги поттикнат луѓето да започнат да го прават истото.
Секако секој не е роден за да биде уметник, но секој може да се заљуби во еден уметник кој ќе му го промени животот на овие 16 начини.
1. Уметниците се талентирани
Не е важно кој е нивниот талент, важно е дека тие својот талент ќе го негуваат, но ќе ве тераат постојано да го покажете својот талент кој можеби досега не сте знаеле ниту дека го поседувате.
2. Тие сонуваат на големо
Со нив нема малку, со нив ќе имате сè, ќе се стремите кон сè, ќе сакате сè од најдоброто, бидејќи тие се сонуваат на големо.
3. Имаат отворен ум
Иако имаат див дух, нивниот ум е отворен и прима секакви информации, разбира сè што не е разбирливо за другите луѓе, молчи и кога е во право...
Со уметниците никогаш нема да имате конфликт околу ништо, тие секогаш ќе најдат мирно решение бидејќи нивниот отворен ум не им дозволува тие да се расправаат.
4. Функционални се само во свои часови
Нема постојано да ве оптоваруваат со својата работа, односно креативност и нејзино искажување бидејќи функционални се во свои часови без разлика дали доцни вечерни или рани утрински.
Сето тоа им зависи од расположение и инспирација.
5. Секогаш наоѓаат креативен начин да направат нешто
Доколку сакате нешто да завршите како што треба, а истото да има тон на необично и откачено, предајте му ја работата на уметникот, тој секогаш ќе најде креативен начин да ја направи.
6. Го вадат најдоброто од секоја ситуација
Кога им се случува лошо, тие го гледаат само она најдоброто што можат да го извлечат од таа ситуација, како на пример, лекција, искуство или пак цвеќе во распукан sид како на фотографијата.
7. Имаат многу интересни приказни кои ќе ви ги раскажат
Тие приказни всушност се нивна инспирација, со нивна помош ја вадат инспирацијата на лист, платно, сцена... Со нив никогаш нема да ви биде досадно бидејќи имаат по една приказна за секој ден, а вие верувајте дека не сте исклучок од нивните приказни.
Доколку се заљубат во вас, вие никогаш нема да умрете, ќе живеете во нивите текстови, слики, танцувања, глумење, песни...
8. Секогаш се подготвени за нова авантура
Бидејќи авантурите им носат искуство и приказни кои може да им влеат инспирација, тие се секогаш подготвени за авантура, без разлика дали се работи за патување на непознато место во 5 часот наутро.
9. Тие се страсни
Страсни се во тоа што го работат бидејќи го сакаат, што значи дека доколку ве сакаат и вас, страста во врската ќе биде неизбежна.
10. Подаруваат креативни подароци
Никогаш нема да добиете обичен парфем, мечка или рамка за фотографија од еден уметник, тој секогаш ќе смисли креативен подарок кој ќе ти користи, а воедно и ќе те потсетува на него.
11. Не се откажуваат од предизвиците
Наместо тоа ги прифаќаат со насмевка и ќе ве научат како да го правите и вие истото без да се плашите од неуспех.
12. Не се плашат да ги искажат своите чувства
Можеби ќе ги искажат во текстовите, песните или сликите, но уметниците никогаш нема да го кријат она што им лежи на душа, секогаш ќе се обидуваат индиректно и директно да ви кажат како се чувствуваат.
13. Имаат различна перцепција врз работите од другите луѓе
Не го гледаат нештото само како што е претставено, од еден агол. Замислуваат како изгледа истото од други агли, со други очи, а тоа е навистина една нивна силна карактерна особина.
14. Ќе ве охрабруваат да ја истакнете својата индивидуалност
Нема слушање на општество, околина и мислење на другите, тие се индивидуалисти кои ќе ве охрабрат да бидете како нив, индивидуалист кој со гордост ќе чекори сам и слободен.
15. Кога ќе се поврзите со нив на духовен начин, ќе ја имате нивната душа засекогаш
Уметникот штом е со тебе, значи ти верува, штом ти посветува време кое може да го користи на својата работа, значи заслужуваш и вредиш, но кога еднаш ќе се поврзеш со него на духовен начин, ете тогаш ќе ја имаш неговата душа засекогаш.
16. Уметникот секогаш ќе те става на средина
Бидејќи ти си неговата муза која е до него и го инспирира, уметникот секогаш ќе те става пред работата, пред себеси, во средината на неговото платно, зборови, фотографии, слики, танцување, песни...
Уметници, се согласувате?