7 Правила за вечна љубов: Тајната е во ситниците
Постојат парови кои дури и после 10 години врска тие сѐ уште изгледаат како заљубени тинејџери, а нивната тајна е во овие 7 правила...
За една врска да успее, мора на неа да работите и да вложувате секој ден, а со помош на овие ситници љубовта нема никогаш да згасне:
1. Разбијте ја рутината и досадата
Ако веќе некое време сте заедно можеби сте навлегле во одредена рутина. Секако во рутината нема ништо лошо, сѐ додека таа не прерасне во досада. Затоа спакувајте се и заминете на викенд, онака ненадејно или отидете во некој нов ресторан, во дискотека, во кафана... Постојат илјадници опции, направете нешто забавно и пламенот повторно ќе се разгори.
2. Девојки, средете се само за него
После поминати години во брак или врска, некои жени едноставно немаат желба да се средат за партнерот. Колку и да се чувствувате опуштено пред него, сепак не заборавајте да купите секси долна облека, да отидете на фризер, да се нашминкате и да го шармирате.
3. Учете еден од друг
Ако сте во долга врска сигурно веќе знаете многу работи еден за друг, но не заборавајте дека секогаш треба да пробувате нешто ново и така да учите. Поставувајте прашања поврзани со детството на вашиот партнер, прашувајте за иднината, размислувањата околу некои теми кои и двајцата ве интересираат. Најважно е секогаш да бидете љубопитни и да прашувате.
4. Компромиси
И најсреќните двојки имаат кавги, но тие прават компромиси. Основното правило е никогаш да не заврши кавгата со тоа што и двајцата ќе бидете лути и навреди. Зборувајте отворено, направете компромис, гушнете се, а утре е нов ден.
5. Дружете се
Никако не смеете да ги запоставите пријателите. Организирајте си го времето и имајте друштвен живот кој не го вклучува партнерот. На тој начин ќе се освежите и ќе излезете од секојдневието, па него ќе му се вратите исполнети со енергија.
6. Повремено исполнувајте му ги желбите
Не морате да му ја исполнувате секоја желба, но размислете дали тој ви ги исполнува вашите? Ако одговорот е да, тогаш сигурно можете да изгледате еден фудбалски натпревар кој него му е важен или да преземете иницијатива во кревет.
7. Не губете интерес
Вие сигурно не сакате тој да го изгуби интересот за вас, тогаш немојте ни вие за него. Ако и двајцата сте среќни што се имате еден со друг, тогаш не би требало да имате проблем. Понекогаш потсетувајте се колку го сакате и покажете му го тоа.