Бидете одличен "Дон Жуан"
Заборавете на глупавите шаблонски приоди од типот на "Колку е саат? 12 и 15? Вистинско време е да се запознаеме!" Ако ви се допаѓаат овие реченици...
... за да и пристапите на некоја личност, тогаш употребете ги.
Меѓутоа, докажано е дека 75% од жените сакаат многу поискрен пристап. Кога ја каните на вечера, немојте да ја носите на некои трендовски места, поубаво резервирајте на некое интимно место каде не ќе мора да и зборите на уво од гласната музика.
Исто така немојте да ја носите во некоја кафана. Најважно е кога ќе отидете во ресторанот да и дадете можност сама да избере што ќе нарача.
На крајот не бидете пре нападни, дајте и шанса за избор и прашајте: "Дали си за една пијачка до кај мене, или да те испратам до дома?".
Немојте да направите да се чуствува дека се очекува од неа да оди кај вас дома. Ако сепак одлучи да дојде кај вас, потрудете се да ги примети урамените фотографии од вашето семејство и пријателите за да сфати дека сте способни да имате врска.
Приказните од фотографиите се одлиична тема за разговор. За да добите повеќе на време, пуштете музика. Научниците имаат докажано дека жените повеќе се палат на текстот од песните.
Песните кои се препорачуваат се: Slow - Kylie Minouge, Sexy Back - Justin Timberlake.