Како да одржите среќна врска во несреќно време?
Колку што се чини дека живееме модерно и слободно време, толку всушност само се наоѓаме во поголем хаос. Тешко е воопшто да се верува некому, а со тоа и да се воспостави некоја поинаква врска.
Станавме премногу себични за да посветиме чувства на некој друг и да го одржиме она малку заедничко меѓу нас.
Сакаме да веруваме дека сè е како во филмовите каде на крајот добро се завршува, но за тоа мора малку повеќе да се потрудиме.
1. Никогаш не правете нешто од милост
Луѓето, особено во последно време се водени најмногу од сопственото его. Сè што правиме, правиме со заштита на самите нас, но за жал на сметка на другите.
Ако сметате дека може да си дозволите да го повредите оној кој го сакате, за да се заштитите себе, можеби не сте воопшто подготвени за врска.
2. Да се каже нешто или да се премолчи
Врските често знаат да бидат и еден вид игра. Но, вие мора да научите да балансирате меѓу мистериозноста и искреноста. Луѓето често кажуваат и работи што не ги мислат, некогаш од страв, некогаш од гордост. Понекогаш сметаат дека е добар тест за да дознаат колку се познаваат и сакаат меѓусебно.
Луѓето не знаат да читаат мисли. Ако сакате нешто, кажете. Ако чувствувате нешто, покажете.
3. Не ги чепкајте слабите точки
Сите имаме некои несигурности и слаби точки, без разлика колку сме убави или паметни. Но, доколку некој навистина ви значи и го сакате, не треба да алудирате на неговите експерименти.
Зошто би се труделе за вашиот партнер и најдобар пријател да биде засрамен, слаб и непосакуван?
4. Гледај, но не допирај
Без разлика дали сте машко или женско, секогаш ќе имате моменти кога ќе бидете привлечени од некое непознато лице, кое ќе ве воодушеви и ќе ви предизвика некакви чувства.
Тоа никој не може да ви го забрани, затоа што едноставно се случува и се чувствува. Но, она што треба да го знаете е самоконтролата. Размислете двапати пред да направите следен чекор и задржете го она што го имате до себе.
5. Бидете искрени, но не брутално искрени
Невозможно е постојано и целосно да сте искрени со партнерот. Но, мора да сте искрени за она што е навистина важно. Мора да знаете кога треба да излажете за нечие добро, но кога и целосно да видете искрени.
Не се лажете себе, лажете за да заштитите некого. Најдете начин на кој ќе покажете грижа, а не кукавичлук.
6. Одржувајте ја возбудата во сексуалниот живот
Ако сексот со вашиот партнер станува досаден, значи дека не се трудите доволно за да ви биде возбудливо.
Сексот е особено важен, затоа што се верува дека кога се ја снемува возбудата, ја снемува и врската.
Ако се најдете во таква ситуација, преземете нешто и вратете ја страста.
7. Одберете ги своите цели
Понекогаш ни е потребна потврда за нешто дека сме во право. Но, важно е да ја одберете вистинската цел за која ќе се борите. Не секоја битка вреди за да се наруши мирот и стабилноста на врската.
Мора да научите некои работи да ги гледате од различни перспективи и да ги користите шансите кои ви се нудат на различни начини.
8. Бидете спонтани
Бидете романтични без причина. Пробувајте нови работи, излезете од удобната зона. Луѓето често се робови на своите навики, па потребно е да се опуштите и да бидете спонтани.
Мора да научите да правите промени, бидејќи тие го менуваат животот и го прават поинтересен.
Барајте нови авантури, преземајте ризици и бидете спонтани.
9. Не се откажувајте пребрзо
Има бескрајно многу можности и опции за да го добиете она што го сакате. Важно е да се трудите и да не се откажувате. Една врска бара многу труд, трпение и желба за да се одржи.
Немаат сите приказни среќен крај, но секогаш мора да се потрудите да го најдете.
Ако сакате да ја одржите врската мора да работите на тоа. Нема скратени патчиња. Не е лесно, но на крајот секогаш вреди за трудот.