Дали ТОЈ навистина те сака?
Љубовта е едноставна, но луѓето односно мажите ја прават комплицирана со тоа што се срамат да искажат емоции, страв им е да се препуштат, не сакаат да заплачат, не сакаат да се извинуваат кога грешат, не кажуваат „Те сакам”…
Листата е бесконечна за разлика од отвореноста на девојките која секогаш им се наплаќа со повредени емоции, изневерена доверба и скршено срце.
Секако, постојат исклучоци од двата пола кои си поминуваат баш обратно, момците се едноставни, а девојките комплицирани.
Но, бидејќи момците се тие кои најчесто се комплицирани, време е да им се поедностави на девојките кога ТОЈ што е со нив навистина ги сака, почитува и цени, а кога ги гледа само како играчки.
Тој те сака навистина ако го искажува тоа, во спротивно не те сака доволно или воопшто.
Тој те сака навистина ако ти кажува дека си убава без шминка, без деколте и без мини здолниште со разбушавена коса наутро.
- Тој те сака навистина доколку ти дава слобода, но сепак секогаш е тука да ти го чува грбот.
- Тој те сака навистина доколку не ти забранува апсолутно ништо.
- Тој те сака навистина доколку планира иднина со тебе.
- Тој те сака навистина ако не се срами да те запознае со своето семејство и пријатели.
- Тој те сака навистина ако сексот со тебе го гледа како водење на љубов.
- Тој те сака навистина ако не се срами да те фати за рака или да те бакне во јавност.
- Тој те сака навистина ако постојано те прегрнува.
- Тој те сака навистина ако се грижи дали си безбедна секогаш.
- Тој те сака навистина ако му недостасуваш и ако ти каже дека му недостасуваш.
- Тој те сака навистина доколку те поддржува во сè што сакаш да направиш во животот.
- Тој те сака навистина ако те прифаќа таква каква што си.
- Тој те сака навистина ако чувствува дека ти си таа вистинската за него и ти го признава тоа без трошка срам.
- Тој те сака навистина ако очите му сјаат додека те гледа, а ти знаеш дека тоа е навистина така бидејќи таквиот сјај се препознава на километри.
- Тој те сака навистина ако не те остава во тешките мигови, туку останува тука прегрнувајќи те додека не ти олесне.
Според знаците, дали ТОЈ те сака навистина?