Koј тип на партнер е тој?
Кога мажите би требало да се опишат себе си, ретко кој од нив би кажал дека е посесивец, романтичар или составувач на листа, но вистината е дека...
...во секој од нив лежи нешто слично.
Секој маж во одреден период од врската е или романтично вљубен во некоја идеална слика за партнерката или е посесивно прилепен до својата сакана или пак има листа на посакувани карактеристики кои партнерката мора да ги поседува.
Експертите се сложуваат дека постојат пет облици на вљубеност. Видот на вљубеност може да се менува во текот на врската, но ако навистина знаете какви сте кога сте вљубени, тоа може да ви помогне во градењето на здрава и стабилна врска. Па еве да видиме какви се мажите кога се заљубени.
Романтичар
Овој тип мажи едноставно сакаат да бидат вљубени. Тоа значи дека тие брзо се вљубуваат во изгледот и однесувањето на партнерката, но исто така и брзо се одљубуваат. Она што треба тие да го запомнат е дека вистинска љубов е кога ја сакате партнерката со сите нејзини мани и недостатоци.
Играч
Играчот е вечен заводник, кој го сака додворувањето и освојувањето на спротивниот пол. За овие мажи освојувањето е многу поважно и поинтересно од самата врска, која со време за нив станува напорна и здодевна. Она што треба овие мажи да го запомнат е дека вистинска љубов значи да се освојува својата партнерка секој ден одново и на нов начин.
Составувач на листа
Овие мажи имаат замисла за идеална партнерка и листа на карактеристики кои нивната партнерка мора да ги поседува. Ретко кој од нив прави отстапки, па затоа најчесто и создаваат голем притисок на партнерката да живее и се однесува според нивните стандарди.
Она што треба овие мажи да го знаат е дека љубовта понекогаш значи и компромис. Имајте листа на важни карактеристики, како што се верноста, искреноста и довербата, а за остатокот не морате да бидете толку строги.
Посесивец
Ваквите мажи не умеат да бидат сами, секогаш сакаат да се покрај својата партнерка и секогаш за нешто се грижат иако партнерката не дава никаков повод за тоа. Овие луѓе знаат да бидат крајно напорни и она што треба да го знаат е дека проблемот е во нив, а не во партнерката. Овој тип на мажи треба да поработат на сопствената самодоверба.
Давател
Ова е тип на маж кој се дава себе си комплетно. И колку и да звучи тоа романтично, некогаш знае да биде крајно напорно за партнерката. Понекогаш и таа сака нешто да даде, да се потруди околу вас или да направи нешто убаво за вас.
Затоа овие мажи треба да научат да и остават простор и на партнерката да вложи и даде нешто во нивната заедничка врска. Најдобро би било да научат малку повеќе да мислат на себе и на своите интереси, да си најдат некое хоби и да им се посветат повеќе на пријателите.