Зошто паровите со ист карактер не остануваат заедно?

Различните луѓе се привлекуваат и остануваат заедно, тоа е факт, но не поради тоа што сличните не се привлекуваат, туку едноставно не можат да останат заедно од неколку причини.

zosto-parovite-so-ist-karakter-ne-ostauvaat-zaedno-1

Паровите со ист карактер имаат исто размислување

За разлика од паровите кои размислуваат различно, оние со исто мислење не остануваат заедно бидејќи им снемува разговор.

Како не би им снемало кога размислуваат и зборуваат исто, нели?


Паровите со ист карактер имаат исти реакции

Без разлика дали се работи за лоши или добри, реакциите на двајцата партнери се секогаш исти и предвидливи еден за друг, а тоа може да стане монотоно и да ја уништи врската.


Паровите со ист карактер имаат исто секојдневие

Имаат исто хоби, исти планови за излегување, на ист начин го користат слободното време, едноставно имаат исто секојдневие, па поради тоа не можат да си кажат ништо интересно што правеле во текот на денот кога не биле заедно.


Паровите со ист карактер се исти

Се лутат за исти работи, се фрустрираат од исти ситници, не ги сакаат истите типови на луѓе, исто пристапуваат на конфликт, исто се однесуваат со останатите луѓе, тие се како сијамски близнаци.

Но, тоа им станува на двајцата досадно со тек на време бидејќи се исти.


Паровите со ист карактер кога ќе се разделат не си даваат шанса никогаш повторно

Тие никогаш нема да соберат храброст да си дадат нова шанса еден на друг бидејќи имаат иста гордост која не планираат да си ја погазат.

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg