5 најлоши работи после раскинување на добра врска

Ниедно раскинување не е лесно. Особено не на врската која нема конкретна причина или караница, туку само страста и љубовта се намалуваат.

5-najlosi-raboti-posle-raskinuvanje-na-dobra-vrska-01

Од таквите врски, покрај тоа што е тежок самиот крај, иако мора да биде таков, има уште 5 ситуации во кои ќе се најдат и двајцата партнери подеднакво.

1. Си недостигате

Интимата која сте ја делеле, блискоста која сте ја имале ќе ви недостига ан двајцата. Интерните шеги, посебните нежности, атмосферата во која сте уживале – сето тоа вие сте си го создале и само вие може да си го овозможите. Потребни сте си еден на друг за повторно да го почувствувате на истиот начин. Некои работи постојано ќе ви недостигаат, но тие не се доволни за да бидете пак заедно.


2. Мислите дека нa крајот сепак ќе бидете заедно

Ова е болна стапица за двајцата. Оставениот се надева дека другиот ќе сфати дека нема подобра љубов и подлабока врска и ќе мора да се врати. Другиот, пак, кој ризикувал да ја раскине врската стравува од истото дека можеби нема да најде нешто посериозно и подлабоко. Тоа што за едниот е надеж, за другиот е страв, а тоа не е спој од кој се лечат раните и не е темел за однос кој може да продолжи.


3. Го губите најдобриот пријател

Двајцата губите. Што и да посакате да правите, знаете дека тоа супер го правевте заедно. Што и да ви се случи знаевте чиј број треба да завртите. Сега само станува поболно или се намалува среќата кога не можете да ја споделите со некој што ви бил најблизок. Никој не може наеднаш да го замени неговото место.


4. Ве преплашува помислата дека морате сè
од почеток

Нормално дека кога-тогаш мора да помислите на нова врска, но стравот од нов почеток, нови луѓе, запознавања и неизбежните повторни разочарувања. Повторно треба да се навикнувате на некого, да учите нови работи, да повторувате стари моменти со нови личности. Може да биде болно искуство, но може да има и среќен крај. Само дајте си доволно време за да бидете подготвени за такво нешто.


5. Се обидувате да создадете нова врска по стариот модел

Дури и кога ќе пронајдете некој кој доволно се труди да ве освои и да ве убеди да почнете од почеток, сепак на почетокот сè уште се трудите само да го пополните празното место на стариот партнер. Многу работи ќе ви се повторуваат, некои и несвесно ќе ги правите на стариот начин, но ако се ослободите и дозволите другиот да ве води, може и да си дадете нова шанса за нешто многу подобро.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg