15 знаци дека те третира како што заслужуваш
За една врска да биде среќна, потребно е и двајцата партнери да се гледаат како еднакви. Ние луѓето сме егоцентрични по природа и сметаме дека сме најважни. Но. кога ќе се вљубиме, нешто магично се случува и почнуваме да мислиме дека партнерот е подеднакво важен колку и ние, па можеби и поважен.
Дами, вашиот сакан треба да ве третира со почит и кон вас да се однесува како кон еднаква. Погледнете ја листата и откријте дали тој се однесува кон вас како што заслужувате.
1. Ти посветува внимание од моментот кога ќе се разбудиш
Ќе се сврти кон тебе, ќе те гушне и ќе те бакне. Или ќе ја префрли раката преку тебе и ќе промрмори дека го презира сонцето што го тера да се разбуди.
Каква и да му е утринската рутина, важно е што тебе те вклучува во неа.
2. Го храни не само твоето тело, туку и твојот ум
Можеби ќе те однесе во ресторан на јадење, можеби дома самиот ќе зготви вечера за вас. Мажот кој е вљубен живее за да ја задоволи својата девојка. Вистинскиот маж ќе ти донесе чоколадо, но ќе ти донесе и книги бидејќи знае колку сакаш да читаш.
3. Сака да те изненадува
Можеби ќе ти купи ситници. Можеби ќе ти набере полско цвеќе. Можеби ќе те изненади со пикник во природа.
Штом се труди да те изненади, тој знае дека во една врска мора да има возбуда и спонтаност.
4. Поминува време со тебе бидејќи така сака, не бидејќи мисли дека така мора
Не само што нема потреба да го молиш да дојде да се видите туку тој самиот едвај се сопира себеси да не доаѓа секој ден кај тебе од страв да не изгледа пренападно.
Тој сака секој слободен миг да го поминува во твое друштво, но го почитува тоа што ти имаш свој живот. Знае дека имаш пријатели со кои сакаш да се дружиш и мило му е што дел од твоето време го поминуваш посветувајќи им се на хобијата кои те прават среќна.
Тој е среќен да ти даде простор, но секогаш е тука за тебе кога ти е потребен.
5. Кога планира нешто, и ти си дел од тие планови
Всушност, што се однесува до него, ти си планот. Животот кој вие двајца ќе го креирате заедно е единственото планирање кое му е потребно. Со сè друго што животот ќе го донесе, вие ќе се соочите заедно.
6. Се консултира со тебе пред да донесе важни одлуки
Во една врска важно е меѓусебно да се разговара за одлуките. Ако тој е вистинскиот и ти ќе бидеш вклучена во донесувањето на неговите одлуки - не бидејќи така треба, туку бидејќи навистина го цени твоето мислење.
7. Нема да те лаже бидејќи нема да има причина за тоа
Не се сите мажи ѓубриња. Нема сите мажи да те изневерат и да ти го скршат срцето. Некои, да, ќе го направат тоа, но не тој.
Тој одбива да те третира како што те третирале останатите досега. Тој нема да те лаже, зошто никогаш нема да има причина за тоа.
8. Тој ти кажува дека си прекрасна дури и кога изгледаш лошо
Сите имаме моменти кога не ни е добро и свесни сме дека изгледаме ужасно. Но, тој одбива да ти признае дека изгледаш катастрофално бидејќи не сака ти да мислиш ништо друго за себе освен дека си најубавата девојка на целиот свет.
9. Ќе ти каже како му поминал денот и ќе те праша за твојот
Тој сака да знае како си го поминала денот бидејќи чувствува дека на тој начин станува поголем дел од твојот живот. Ужива да ти кажува како му поминал денот, ужива да ти раскажува интересни случки од работа.
Тој сака сè да сподели со тебе и сака ти да споделиш сè со него.
10. Со него плачеш само од среќа
Срцето му се крши кога те гледа како плачеш. Тој мрази ти да си несреќна, тажна и повредена. Да може, веднаш би си го сменил местото со тебе.
Толку те сака што кога ти си тажна, и тој е тажен; кога ти си среќна, и тој е среќен.
11. Ти кажува дека те сака но нема потреба за зборови бидејќи ти тоа веќе го знаеш од неговите постапки
Тука повеќето мажи и жени грешат. Штом сакаш некого, твоите чувства не се најважни туку пресудно е дали правиш другиот да се чувствува сакано. Луѓето ова обратно го разбираат. Тие сметаат дека начинот на кој љубат е вистинскиот начин да се дефинира љубовта.
Љубовта се дефинира преку постапките, не преку чувствата или теориите. Сè додека не знае како да направи ти да се чувствуваш сакана, тој е себичен. Како може тоа да биде љубов?
12. Секогаш ќе ти ја даде поголемата половина
Многу се важни навидум неважните моменти кога тој твоите интереси ги става пред неговите. Тој, без да размисли, ќе ти го даде поголемиот дел од сендвичот, поголемиот дел од креветот, поголемиот дел од плакарот, поголемиот дел од неговото срце, поголемиот дел од неговиот живот...
Ние луѓето сме егоцентрични по природа и секогаш прво мислиме на себеси. Затоа барај ги овие мали чинови на несебичност бидејќи тие се вистинскиот доказ за неговата љубов кон тебе.
13. Прави да се чувствуваш безбедно
Тој можеби не е највисокиот, најбрзиот и најсилниот тип во светот но ако згусти, тој попрво би умрел обидувајќи се да те спаси отколку да дозволи нешто лошо тебе да ти се случи.
Во твоето срце знаеш дека тој би си го ризикувал својот живот за да го спаси твојот и тоа прави да се чувствуваш како најсреќната девојка на светот.
14. Секогаш ги одржува ветувањата
Можеби не ветува често но знаеш дека кога нешто ќе вети, тоа и ќе го исполни. Знае дека му веруваш и дека имаш доверба во него и не сака да те разочара.
Тој само сака ти да бидеш среќна.
15. Прави да се чувствуваш како жена
Ти можеби си неговиот најдобар пријател, неговиот партнер, неговиот советник, неговата поубава половина но прво и основно, ти си жена - неговата жена. И тој сака ти да се чувствуваш како жена. Тој кон тебе се однесува со почит и љубов, прави да се чувствуваш секси и посакувана.
Тој прави ти да се чувствуваш како тој постојано да те посакува, бидејќи тој навистина го посакува секој дел од тебе.