Отворете ги очите: Знаци дека тој не е за вас
За да не завршите со скршено срце, научете како да ги препознавате знаците кои јасно покажуваат дека тој не е за вас.
Ако сте во недоумица дали вашето момче е за сериозна врска или пак не, отворете ги очите и погледнете во знаците пред вас:
Кога ви е потребен, тој не е тука
Тој никогаш нема време за вас, а кога станува збор за изговори тој е вистински гениј. Нему му е потребен простор за да освојува и други девојки, па добро размислете што правите со ова момче.
Не познавате ниеден негов пријател
Ако не ве запознал со ниту еден пријател, тогаш едноставно не сакате да бидете дел од неговиот живот. Запрашајте се дали неговите пријатели воопшто знаат дека вие постоите.
Полудува кога ќе дојдете кај него ненајавени
Без разлика дали сте решиле да го изненадите на работа или дома, тој полудува кога ќе ве види. Секогаш прави сцена и изгледа несигурно во тие моменти.
Неговиот мобилен е енигма
Кога е со вас, мобилниот му е на нечујно, а доколку се случи да заѕвони обично бега на друга страна и никогаш не зборува пред вас.
Флертува со секого
Каде и да сте тој се врти по другите девојки и секогаш е премногу љубезен со келнерките, згодните девојки на соседната маса и вие добивате чувство како да не сте му доволни.
Запознавање со родителите
Секоја врска поминува низ различни фази, а една од тие е запознавање со родителите. Ако тој смислува изговори како неговите немаат време, тогаш тоа е јасен сигнал дека ова момче не сака сериозна врска.