Најромантичните запросувања во светот: Како ме праша за да се омажам со него?
Без разлика колку некои се романтични или не, ретко кој останува рамнодушен на запросувањето. Зависно од типот на луѓе, запросувањата може да бидат и многу обични и едноставни, но и луди, откачени, оригинални.
Секогаш се одбира некој посебен момент, специјално место, одреден датум.
Најчесто се бираат добро познатите светски метрополи и најромантичните места како Париз, Венеција, Милано, Хаваи, Дизниленд.
Сите тие приказни и фотографии сега се собрани на еден блог и Инстаграм профил HowHeAsked, каде може да уживате во раскажаните емоции, да ги забележите фотографираните моменти и да се инспирирате за некое романтично запросување или одредено место, на кое досега не сте помислиле.
Некои од приказните знаат и навистина да ве допрат:
На плажа, посеана со латици од цветови и свеќи додека тој ѝ свирел на виолина, со серенада ја запросил.
Ситуација во која по 9-месечна врска тој имал сообраќајка и долго време бил во кома, но кога се разбудил и покрај делумната парализираност, со многу желба и труд успеал да застане на нозе пред својата девојка, да клекне на едното колено и да ја праша за да се омажи со него. Немало посреќно нешто во тој момент.
Друг романтичен момент кој бил и јавен е кога момчето на една од навивачките кои танцуваат се симнал од публиката и ја запросил пред цел стадион.
Приказните се најразлични, фотографиите сами зборуваат за емоциите кои се забележуваат, а идеите и спомените кои остануваат се највредното нешто кое вреди да биде споделено.
Погледнете ги најромантичните запросувања: