Глуми недостижна или не е заинтересирана?
Често девојките знаат да глумат недостижни кога се заинтересирани, па затоа момците тешко распознаваат кога се, а кога не заинтересирани за нив.
Овие неколку споредби ќе ви помогнат да распознаете полесно:
- Ако е заинтересирана често ќе воспоставува контакт со очите, во спротивно ќе го избегнува.
- Ако е заинтересирана ќе си игра постојано со праменчиња од косата, во спротивно ќе си игра со вашето трпение.
- Ако е заинтересирана ќе прашува и ќе одговара на вашите прашања, во спротивно само ќе одговара на вашите прашања.
- Ако е заинтересирана ќе зборува бавно и ќе се обиде да ве задржи со разговор подолго во нејзина близина, во спротивно ќе зборува брзо и ќе најде причина да замине уште побрзо.
- Ако е заинтересирана ќе ве гледа во усните бидејќи кога жените сакаат да бакнат некого, го гледаат во усните, во спротивно ќе гледа во таванот.
- Ако е заинтересирана ќе ви даде број, во спротивно само ќе го прифати вашиот.
- Ако е заинтересирана ќе најде изговор да ви се доближи, во спротивно ќе најде изговор да седне што подалеку од вас.
- Ако е заинтересирана ќе ве поздравува со прегратка и бакнеж во образ, во спротивно со ракување.
- Ако е заинтересирана нема да ве остава долго да чекате и нема да глуми вечно недостижна, во спротивно ќе биде навистина вечно недостижна бидејќи едноставно не е заинтересирана.