Зошто да му дадете шанса на срамежливото момче?
Заборавете на фраерите кои глумат главни и кои секогаш се најгласни во друштвото. Ако сакате добро момче, обрнете внимание на посрамежливите кои стрпливо чекаат на страна да ги погледнете и да им дадете шанса.
Иако фраерите ви делуваат поинтересно, потрудете се да го најдете забавното и кај срамежливите затоа што имаат многу предности кои не би сакале да ги пропуштите:
1. Кога нешто им зборувате, срамежливите навистина ве слушаат.
2. Тие забележуваат кога имате нова фризура или фустан.
3. Имаат добра меморија, така што знаат точно што сакате, а што не. Тоа се однесува и на спалната соба.
4. Не е фалбаџија и нема да биде.
5. Годишниците се негова специјалност. Не само што нема да го заборави датумот, туку има и подготвено изненадување.
6. Нема потреба да доминира во секој разговор.
7. Ги почитува луѓето околу себе и им придава важност.
8. Даваат добри совети.
9. Се гордеат со вас и ве поддржуваат. Не се љубоморни на вашиот успех.
10. Можете без проблем да ги запознаете со родителите без страв дека ќе ве посрамотат.