Едноставен начин да дознаете: Дали ве сака или само се преправа?
На почетокот на секоја врска, најголемата дилема е колку од сите тие зборови и дела на партнерот се вистински или само се преправа за побрзо да ве освои.
Секогаш се прашувате како да бидете сигурни во она што го гледате и слушате пред себе. Па уште кога ќе ги изговори магичните зборови: „Те сакам“, тогаш наместо да ви олесни, вам ви станува потешко, не знаејќи како да поверувате целосно.
Но, постојат едноставни начини на кој може да утврдите колку некој вистински ве сака или само се преправа.
Емпатија
Колку повеќе сте емпатични, толку е поуспешно откривањето на лажната насмевка. Ако ви недостига емпатија, потешко ќе откриете кога некоја личност се преправа.
Скоро 60 отсто од луѓето знаат да препознаат различни видови насмевки. Важно е да препознаете кога некоја насмевка е искрена и од срце, а кога е само заводлива и лажлива.
Тоа може да го утврдите доколку имате можност да го видите човекот во различни ситуации или доколку познавате различни луѓе кои ја користат насмевката на еден или друг начин.
Брчки
Кога сакате да дознаете дали насмевката која ви е упатена е лажна или искрена, обрнете внимание на пределот околу очите на личноста која се смее.
При искрената насмевка се користат повеќе мускули на лицето, па брчките околу очите се побројни и појасно изразени. Доколку насмевката е лажна, најчесто брчките се само околу устата.