10 лекции кои се учат од врските со погрешен партнер

На сите им се случила по некоја добра или лоша врска, но со погрешен партнер. Иако во моментот додека трае мислите дека е најлошото што ви се случило или откако ќе раскинете се прашувате што сте правеле со таа личност, сепак има нешто добро во сето тоа.

10-lekcii-koi-se-ucat-od-vrskite-so-pogresni-01

Од секоја лоша врска, најмалку што може да се извлече е добра поука.

Од некои врски може да добиете дури 10 добри и корисни лекции кои вреди да ги знаете:


1. Посилни сте отколку што мислите

Иако некое време не сте можеле да си го замислите животот без партнерот, по некое време сфаќате дека животот продолжува и дека цврсто стоите на земја без да зависите од никого.


2. Подобро да бидете сами отколку со некој погрешен

Ова треба да си го повторувате секој ден кога мисите дека не можете да бидете сами.


3. Луѓето не може да ги промените

Никој за никого не се менува, ако самиот не сака. Не се трудете да го направите тоа.


4. Не дозволувајте никој вас да ве менува

Ако мислите дека така ќе угодите некому, се лажете. Ако некој не ве прифаќа какви што сте, не треба ни да ве има.


5. Заслужувате нешто подобро

Сè што не ве прави среќни, не треба да го поднесувате. Ценете се себе и барајте го она што ви следува.

10-lekcii-koi-se-ucat-od-vrskite-so-pogresni-3.jpg

6. Знаците постојано биле тука

Кога размислувате за минатото се сеќавате на сите моменти и ги забележувате сите знаци кои укажувале на тоа дека тука нешто не е во ред. Следниот пат ќе гледате порано да ги препознаете.


7. Следниот пат слушнете и другите што ви зборуваат

Вообичаено се вели не слушајте што ви зборуваат другите, важно е што чувствувате. Но, ако почнете да се сомневате и во чувствата, можеби треба да размислуваат зошто сите одоколу настојуваат да ве разубедат.


8. Крајот на врската не е ваш личен неуспех

Тоа што сте наишле на погрешна личност не може да биде ваш личен неуспех, туку само лекција за тоа какви личности треба да избегнувате.


9. Сингл животот може да биде одличен

Понекогаш треба да ја почувствувате слободата и независноста и да научите да уживате во времето сами со себе.


10. Не се сите други исти

Колку и д ави се чини дека сите следни ќе бидат такви, не заборавајте да дадете шанса за пријатно да се изненадите. Единствено што треба е да внимавате.

10-lekcii-koi-se-ucat-od-vrskite-so-pogresni-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg