Тестирај го момчето: 15 знаци дека сте во врска со добар тип

Кога добро и реално ќе ја проучите врската во која сте, многу лесно може да откриете дали сте добро третирани и дали сте во љубов со добар човек.

testiraj-go-momceto-15-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-dobar-tip-01.jpg

Ако се препознаете во поголемиот дел од овие знаци, направете сè за да го задржите:

1. Добриот човек никогаш нема да ви дозволи да заборавите колку ве сака

Клучен момент на секоја добра врска е редовното и секојдневно потсетување колку ве сака и цени. Ако некој искрено ве сака, нема потреба од зборови, тоа едноставно го чувствувате. Но, ако почнете да се прашувате дали и колку ве сака, не е добар знак.


2. Добриот човек секогаш ве поддржува

Неважно дали сте одлучиле да запишете магистерска после 20 години од дипломирањето или сте започнале нова, поинаква кариера, тој би требало да ве поддржува во остварувањето на идејата.


3. Добриот човек ве инспирира

За да поттикнеш некој мора да бидеш доволно сигурен во себе, да живееш свој живот, но истовремено да се трудиш за другата личност која сакаш да го направи истото.


4. Добриот човек работи на тоа да ја добие вашата доверба

Добриот човек сака во врската да се чувствувате сигурно и пријатно. Неговата главна задача е да стекне доверба и не се срами тоа да го направи со сите сили. Сепак, на крајот знае дека ќе ужива во безрезервна љубов и доверба.


5.Покрај добриот човек секогаш се чувствувате убаво

Забележува кога сте поработиле на својот изглед, ве гледа, ве допира и се однесува со вас како да сте најубавото и најнежно суштество во светот... Тоа е одлика само на добриот маж!

testiraj-go-momceto-15-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-dobar-tip-02.jpg

6. Со добриот човек секогаш сте сигурни

Најдобриот комплимент кој тој може да го добие од партнерката е дека таа се чувствува потполно сигурно. Колку и да сте смешни, згодни или богати, ако жената не може мирно да спие покрај вас, не сте успеале.


7. Добриот човек прави ситници

Изненадувања од типот на непланирана вечера, излегување, карти за омилената претстава, концерт, филм... Важно е да се чувствувате исполнети.


8. Добриот човек никогаш не ја преминува границата

Природно е да имате несогласувања и кавги, но никогаш не треба да постои причина заради која истата ќе ескалира во навреда или насилство. Добриот човек знае како да ги реши проблемите со разговор.


9. Добриот човек се труди да биде уште подобар

Човекот кој работи на себе е човекот кој интелектуално и емотивно позитивно влијае на вас.


10. Добриот човек секогаш стои зад она што го кажал

Кога во животот имате вистински човек, точно ќе знаете кои луѓе околу вас се полни со празни ветувања и зборови. Исклучиво оние кои ги одржуваат ветувањата ја заслужуваат вашата почит, вклучувајќи го и него.

testiraj-go-momceto-15-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-dobar-tip-03.jpg

11. Добриот човек ги искажува емоциите

И не се плаши или срами од нив.


12. Добриот човек е секогаш искрен

Кога градите основа за среќна и здрава врска, добриот човек е свесен дека искреноста е секогаш најдобриот пат кон неа.


13. Со добриот човек се чувствувате удобно додека ја кажувате вистината

Удобноста е важен момент во секој дел од животот. Ако можете да бидете такви какви што сте и да ги кажете работите кои ги мислите без да ви биде непријатно или да се грижите дека ќе бидете осудени, останете покрај човекот кој ви го дава тоа чувство.


14. Добриот човек никогаш не е насилен

Ова е можеби најважната одлика. Добриот човек никогаш нема да ве злоставува ментално, емотивно или физички.


15. Добриот човек е секогаш до вас

Кога се ветувате љубов, ја ветувате за цел живот и тоа е правило кое мора да се почитува, без оглед на тешките моменти, предизвиците или неочекуваните ситуации.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg