Соочете се со вистината: 9 знаци дека е време да раскинете
Сите знаеме понекогаш да се вплеткаме во врски во кои не гледаме никаква цел, но ни е забавно, барем на почетокот.
Сепак, откако ќе помине некое време и ќе забележите промена или во своето или во однесувањето на партнерот, можеби е подобро навреме да раскинете, отколку бесцелно да си го губите времето.
Ако ги препознаете овие знаци, соочете се со вистината и раскинете:
1. Веќе немате волја да му се јавувате
Тој ви се јавува, ви праќа пораки, мејлови, а вие немате волја ни да ги прочитате, уште помалку да одговорите.
2. Тој не е првата личност на која сакате да ѝ ја соопштите добрата вест
Сте добиле зголемување на платата или ви се родило внуче, некој од пријателите ќе се венча, а вие не ни помислувате да ја споделите добрата вест со него. Дури и кога ќе се видите, заборавате да му кажете.
3. Почнувате да се карате за ситници
Дали ја оставил чашата на шанкот или во мијалникот е навистина ситница која не би требало ни да ја помислите, а не да се скарате за неа.
4. Не сте заинтересирани за секс
Сексот е многу важен дел од една врска, не само поради уживањето или репродукцијата, туку и поради интимното поврзување. Без сексот недостига тој дел од интимноста кој ги поврзува паровите на посебен начин. Освен тоа, ако не сакате веќе секс со личноста со која сте во врска, тогаш нема потреба веќе да бидете заедно.
5. Не сакате да му се извинувате
Не помислувате да му се извините дури и кога не сте во право. Како само да барате повод за да останете налутени.
6. Се срамите од него
Не сакате да бидете видени во јавност заедно, не размислувате за одење на годишен одмор со него, не ни помислувате да го претставите пред родителите и најдобрите пријатели. Ова се веќе алармантни знаци дека треба што поскоро да ја прекинете врската.
7. Ве нервира иако не знаете зошто
Штом го видите забележувате нешто што ве нервира, иако за тоа нема никаква причина. Понекогаш тоа е и самото негово присуство.
8. Често размислувате на други
Сите луѓе имаат фантазии и тоа е нормално. Но, самите себе најдобро се познавате и сигурно знаете дали тоа ви се случува повремено или секојдневно и дали размислувате за повеќе личности или за една конкретна, а тоа не е тој.
9. Не се гледате со него во иднината
Тогаш зошто си го губите времето во сегашноста?