Писмото што никогаш не го прочита: Ајде да се обидеме уште еднаш?
Многу љубовни врски денес се завршени прерано како резултат на лутина, грешка, лесна препрека, љубоморен испад, гордост...
Ретко кој има храброст да се јави прв и да каже – „Ајде да се обидеме уште еднаш?” Порадо би уживале во депресијата и нервирањето, отколку да го направат ова, нели?
Истото е со оваа девојка која му се обраќа на бившото момче преку писмо, наместо во лице да му каже дека сака на врската да ѝ дадат уште една шанса.
„Срцка,
Се сеќаваш како ме нарекуваше срцка, бидејќи зборот срце ти бил премногу лигавечки па сакаше да го трансформираш во нешто погрубо?
Не ми беше гајле за тоа, бидејќи знаев дека иако звучи грубо, сепак изгорен си од желба да ме опсипиш со слатки зборови, бакнежи, прегратки, но немаш храброст.
Како би имало на почеток на врска, кога некого не познаваш доволно, не му веруваш целосно...
Секогаш ме учеше да им верувам на луѓето со почетна оцена 5 во главата, а како нивните постапки се влошуваат, довербата да паѓа надолу кон 1.
Нашата влезе во минус, бидејќи грешките кои ги направивме не наликуваа на лоши постапки, туку на нечовечни.
Она што го правевме не беше за 5, беше за повторување на годината и намалување на поведението во животот.
Не е важно, сакам да ти кажам дека и покрај сè ми недостигаш, но немам храброст да ти се јавам, страв ми е дека ќе спуштиш.
Страв ми е и дека ќе кренеш кога подобро ќе размислам, како би ти кажала зошто ти се јавувам?
Зарем ќе соберам храброст да си ја погазам гордоста и да ти кажам дека сакам да се обидеме уште еднаш?
Сакам да знаеш дека сум подготвена да простам, знам дека си и ти, но се срамам, немам храброст, пак ќе речам.
И мислам дека никогаш нема да ја соберам и да те побарам повторно, ќе останеме во времето како огледало кое одразувало нешто убаво, но се распрснало од невнимание низ просторот.
Ќе останеме како времето и просторот, јас никогаш нема да имам време да те побарам повторно убедувајќи се дека ќе треба да помине време, а ти ќе ми го оставиш просторот кој мислиш дека ми треба.
Не знаеш дека порадо би се гушела во твоите прегратки.
Ова е писмото кое никогаш нема да го прочиташ бидејќи иако го напишав, немам храброст ниту да го испратам.
Немам храброст да те запознаам целосно, немам храброст да ти верувам целосно, одново, немам храброст да ти речам ајде да се обидеме уште еднаш, а знам дека тоа еднаш е доволно.
Те сака твојата девојка,
Не се нарекувам бивша, бидејќи сè уште се чувствувам како твоја”.