18 разлики помеѓу момчето за сериозна врска и момчето за забава

Сигурно сте се нашле во ситуација да не го разбирате момчето во кое сте толку вљубени што веќе си ја замислувате иднината со него и правите планови, а нему не му е ниту на крај памет сериозна врска.

18-razliki-pomegju-momce-za-seriozna-vrska-i-momce-za-zabava-01.jpg

Проблемот е во интензитетот на чувствата и животните ставови, а не во годините.

Но, постојат некои знаци кои може да ве предупредат и да ви покажат дека се работи за момче кое сака само забава или момче кое има посериозни намери со вас.

1. Момчето кое е подготвено за сериозна врска нема проблем да разговара за иднината и да правите планови заедно. Тие не мора да бидат конечни и толку многу сериозни, но не се плаши од таа тема.

- Момчето кое сака само да се забавува, не само што нема што да ви каже на таа тема, туку и се труди да ја избегне на секој можен начин.


2
. Момчето кое е подготвено за сериозна врска прави планови за вашето заедничко патување следната година.

- Момчето кое сака само да се забавува прави планови најмногу за излегувањето овој викенд.


3.
Момчето кое е подготвено за сериозна врска ќе забележи некои посебни и уникатни карактеристики кај вас, кои ни самите не сте ги забележале.

- Момчето кое сака само забава ќе ви даде површни стандардни комплименти како тоа дека сте убави, забавни или шармантни.


4.
Момчето кое размислува посериозно, би сакало да излезете и во недела попладне.

- Момчето кое сака да се забавува важно му е да бидете излезени заедно само во петок или сабота.


5.
Момчето кое е посериозно нема проблем да се запознае со вашите пријатели и родителите или да ве претстави пред неговите.

- Момчето кое сака само да се забавува нема да се потруди да ве покани некаде за да ве запознае, туку ќе чека спонтан случаен момент или средба.


6.
Момчето кое има сериозни намери и нема што да крие, ви дозволува да го користите неговиот лаптоп, без никаква пречка дека сака да скрие нешто.

- Момчето кое бара само забава, не е подготвено да преземе чекор, ниту е сигурен во она што го чувствува, па не може да покаже никаква доверба кон вас.


7.
Момчето кое има посериозни намери кон вас ги знае и најмалите детали, на кои некогаш и самите тешко се сеќавате.

- Момчето кое сака само да се забавувате едвај ги помни главните и основни работи, затоа што не се интересира.

18-razliki-pomegju-momce-za-seriozna-vrska-i-momce-za-zabava-02.jpg

8. Момчето со посериозно однесување се чувствува слободно да ви каже кога има лош ден.

- Момчето кое сака само забава избегнува подлабоки дискусии или разговори за проблеми.


9.
Момчето кое е посериозно ужива во ваше друштво и нема проблем викендот да го поминете со  филмови, во кревет.

- Момчето кое сака да се забавува би било луто и незадоволно ако од која било причина пропаднат плановите и мора да останете дома.


10.
Момчето кое има сериозни намери ги кажува и покажува и пред останатите наоколу.

- За момчето кое сака забава има позабавни сфаќања, знае малку детали и не се врзува за никој и ништо.


11
. Момчето со сериозни намери се труди да не ги прави истите грешки по 100 пати и знае кога е крајно време нешто да се промени.

- Момчето кое сака да се забавува најчесто не обрнува внимание на промените и не ги забележува повторувањата или грешките.


12.
Момчето кое е подготвено за сериозни чекори, знае на што е во својата кариера и сите промени кои ги прави се добро промислени.

- Наспроти тоа, момчето кое сака само забава нема конкретна цел и живее од ден за ден.


13.
Момчето кое е подготвено да се смири со вас ви пишува или ви се јавува во секој момент кога ќе помисли.

 - Момчето, пак, кое сака само забава чувствува некоја мала отпорност и не секогаш се приближува доволно.


14.
На она момче кое има посериозни намери ќе да му биде важно, но не и пресудно вашето минато.

- Момчињата кои само сакаат да се забавуваат воопшто не обрнуваат внимание и не се грижат да ве разберат.

18-razliki-pomegju-momce-za-seriozna-vrska-i-momce-za-zabava-03.jpg

15. Оној кој е подготвен за смирување се интересира да ве запознае и се посветува на секоја ситница од вашиот живот, тој е подготвен за нешто посериозно.

- Оној кој само се забавува ги сака работите набрзина без да им обрне внимание на деталите, не ви треба во животот.


16.
Момците кои имаат сериозни намери знаат да балансираат со времето и да го распоредат да биде доволно и за вас и за пријателите.

- Момците кои само се забавуваат ви се јавуваат само кога пријателите ќе ги откачат.


17.
Момчето кое сака сериозна врска не може постојано да излегува во истиот клуб со истата музика.

- Оној кој сака само забава, никогаш не му е доста од местото полно со луѓе и музика.


18.
Оној кој има сериозна намера внимава и се грижи како се однесува и како зборува за да остави добар впечаток.

- Оној кој сака само забава, сеедно му е кој што ќе мисли, туку важно му е убаво да се забавува каде и да оди.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg