Проверете ги знаците дали сте во врска со его - манијак

Многумина не се свесни дека се во нездрава врска или врска со личност можеби не е онаква каква што ја замислуваат и доживуваат. Честопати знаеме да си направиме своја слика во главата и да бидеме вљубени во нешто замислено, посакувано, а всушност да бидеме со некој его - манијак кој е опседнат со себе.

proverete-gi-znacite-dali-ste-vo-vrska-so-ego-manijak-01

За да не бидете во заблуда долго време проверете дали овие знаци ги има кај вашиот партнер:

1. Во секоја ситуација гледа како ќе се одрази на него

Вие имате лош ден на работа, а тој се жали за тоа како се надевал дека ќе бидете добро расположени. Фрустриран е што нема да може да му се оствари планираното излегување поради вашето расположение. Се однесува како да му се срушил светот.


2. Постојано повторува: Ми требаш за...

Без оглед на тоа дали се работи за таксистот, келнерот, пријателот или вие, тој кон сите се однесува исто, како да се во негова служба.


3. Веќе со месеци сте во врска, а тој не знае ништо за вас

Не знае ништо за вашето детство, ниту за најдобрите пријатели или нешто важно за семејството. Од друга страна, пак, точно го знае описот на оној кој нему му се спротивставил или му зел нешто што тој сметал дека му припаѓа.

proverete-gi-znacite-dali-ste-vo-vrska-so-ego-manijak-1.jpg

4. Постојано бара пофалби за неговиот изглед

„Види ми ги стомачните“, „Види каква ми е фризурата“, „Нели добро ми стои маичкава?“ се негови чести изјави со кои ви изнудува комплимент уште пред да забележите дека има нешто ново. Тој има постојана потреба од хранење на егото.


5. Има повеќе свои фотографии во рамки низ домот или постојано си ја менува профилната слика на Фејсбук

Симпатично е кога има една до две фотографии од него на полицата, но ако го гледате каде и да се свртите, значи дека е малку повеќе опседнат со себе. Сликата на Фејсбук постојано ја менува за да собере што повеќе лајкови кои му се потврда за тоа дека им се допаѓа на луѓето.


6. Зборува...зборува...зборува...

Ако често се наоѓате во ситуација кога сте излезени само да кимате со главата, а тој да зборува без престан без да ве праша ниту за коментар, тогаш дефинитивно не ви треба таков партнер, бидејќи тој си е доволен сам на себе.

Сте имале искуство со ваков партнер?

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg