365 пати ја побарал за жена без таа да знае (видео)
Најпосебниот момент во една врска, запросувањето, секој се труди да го направи на најоригинален начин. Иако има и многу кои се слични и се повторуваат, сепак има и такви кои знаат да направат нешто со многу труд и внимание.
Дин Смит уште пред една година знаел дека сака да се ожени со својата девојка Џенифер бидејќи за него е најубава, најпаметна, најзабавна, совршена.
Бидејќи знаел дека сака изненадувања, решил најубавото да ѝ го подготвува секој ден, во текот на една година.
Тој на разни начини, 365 пати го поставил прашањето: „Ќе се омажиш ли за мене?“, без таа да знае. Но, сето тоа го снимал и на крајот составил видео, го ангажирал целото нејзино семејство за да му помогнат околу организацијата, да ја однесат на плажа и да ѝ го пуштат видеото.
Откако го изгледала, тој се појавил пред неа и конечно ѝ го поставил вистинското прашање, на вистинско место и во вистинско време.
Погледнете ја нејзината реакција: