Го оставив сопругот и се вратив кај бившата љубов од минатото, одлука што ми го спаси животот!
Се омажив за човек што го знаев само неколку месеци, го запознав сакајќи да го преболам бившиот со кој раскинав од глупава причина.
Двајцата знаевме дека сме еден за друг, дека ќе останеме заедно засекогаш, знаев дека нема да погледне никоја после мене, но не можев да го трпам секое негово раскинување поради глупава причина.
Сакав да си докажам дека без секој се може, сакав да си докажам дека не сум зависна од неговата љубов која можеби ја чувствував, но никогаш не слушнав „Те сакам" од неговата уста.
Сакав врска во која некој што ќе ме осипува со внимание, ќе ми кажува дека ме сака и ќе ми ја бакнува раката како во филмовите.
Решив да му ставам крај на тоа нашето, што и да беше и започнав да излегувам со друг човек.
Беше повнимателен, подобар, ми кажуваше дека ме сака постојано, не се срамеше да ме фати за рака, сакаше да се гледаме често, ме запозна со неговите пријатели, роднини, родители...
Правеше сè што овој претходниот кој го сакав повеќе од животот никогаш немаше направено.
Се обидував да го преболам и да се убедам дека може да го засакам мојот нов партнер, едноставно беше совршен, без мaана, како скроен за мене, но не и јас за него.
Беше ден на жалост наместо ден на радост кога ме запроси, а јас не можев да кажам не.
Немаше причина, врската беше супер, „ние” бевме супер, само што не можев да го засакам иако проклето се трудев, лојалноста во мене победи.
Прифатив и стапивме во брак, беше убаво, секој ден беше исполнет со интересни изненадувања, немаше нервози, љубоморни испади и слично.
Ми веруваше бескрајно, а и јас него, знаев дека ме сака, повеќе од животот како што јас го сакав бившиот.
Не можев да го оставам, би се чувствувала ужасно си реков.
Еден ден добив повик од мојот бивши, сакаше да се најдеме на кафе и да позборуваме.
Прифатив кога сопругот беше на работа, заминавме во кафуле надвор од градот и не знам како завршивме во неговиот стан, под чаршафите кои ми беа добро познати.
Се вратив дома пред да се врати мојот сопруг од работа, ги спакував куферите и го оставив со писмо во кое пишуваше сè што никогаш не би успеала да му кажам во лице, причината поради која заминувам.
Сè беше убаво објаснето, завршуваше со реченицата - „Прости ми, знам дека згрешив што дозволив да заминеме толку далеку."
Можеби направив страшна грешка што заминав со друг, но на грешките се учи нели, научив дека не е важно дали некој ти кажува дека те сака, важно е дали ти го чувствуваш тоа без зборови.
Не е важно дали некој ти ја држи раката постојано пред сите, важно е никогаш да не ти ја пушти кога паѓаш во самотија.
Не е важно дали некој ќе ти ја бакнува раката, се додека го чувствуваш како ти ја бакнува душата секој ден, никогаш нема да престане.
Не е важно дали некој не те сака на начинот на кој што сакаш да те сака, бидејќи тоа не значи дека не те сака воопшто.
Јас можеби погрешив, но не правете го вие истото, не го оставајте тој што го чувствувате, во потрага по некој совршен, бидејќи таков не постои.
Оваа грешка ме чинеше живот, мојот живот кој успеав да го спасам од погрешна љубов осудена на вечност потпишана на хартија.