8 начини како мисионерската поза да ја направите двојно повозбудлива
Мисионерската поза е една од најчестите кои паровите ја практикуваат. Но, токму затоа знае да стане здодевна.
Ако ви се допаѓа блискоста на позата, но сакате малку да ја зачините, искористете еден од овие 8 начини:
1. Издигнете се
Пробајте да ставите перница под женскиот задник за пенетрацијата да биде подлабока.
2. Стегнете
Кога женските нозе се околу струкот на мажот, тогаш овозможува и стимулација на клиторисот.
3. Прегрнете го
Секогаш добра идеја се силните прегратки кои ја зајакнуваат блискоста.
4. Одредете го темпото
Искористете ја можноста и сигнализирајте кога сакате да забрза, а кога да забави. За тоа доволно е да му ги допрете колковите и да му го покажете темпото.
5. Мастурбација и пенетрација во едно
Одличен начин за дополнителна возбуда е истражувањето на сопственото тело. Затоа на жените им се советува мастурбација или поигрување со останатите ерогени зони.
6. Гледајте се во очи
Гледањето во очи може дополнително да ве возбуди.
7. Садо-мазо елементи
Доволен ви е еден шал или кравата за да ја загреете мисионерската поза.
8. Бакнувајте се
Ниту една поза не е поудобна за бакнување. Искористете го благодетот и зачинете ја со бакнежи.