Ќе се изненадите: 16 знаци дека вашата врска станала сериозна
Се прашувате каде стоите во љубовта моментално? Дали сте во лежерна врска или партнерство кое има иднина?
Овие 16 знаци се сосема обични и веројатно не ги забележувате, но може да ви откријат многу за вашиот љубовен статус.
Ако се пронајдете барем во половина, бидете убедени дека сте во стабилна врска.
1. Ретко носите шминка, односно само кога морате.
2. Не ја заклучувате вратата од тоалетот.
3. Често пати носите пижами во негово/нејзино присуство.
4. Носите помалку атрактивна гардероба.
5. Ја перете и неговата/нејзината долна облека заедно со вашата.
6. Зборувате за сите здравствени проблеми.
7. Дозволувате да ве види и кога сте болни.
8. Без воздржување плачете кога ви се плаче.
9. Се смеете кога ви се смее.
10. Водите сериозни разговори дури и кога сте голи.
11. Знаете какви се неговите/нејзините планови за брак, деца и кариера.
12. Се депилирате/бричите пред него/неа.
13. Се туширате заедно.
14. Се јавувате на неговиот/нејзиниот телефон.
15. Си оставате гардероба во неговиот/нејзиниот дом.
16. Отворено разговарате за бившите партнери.