14 знаци кои укажуваат дека ТОЈ е вистинскиот!

Кога веќе го препознавате момчето според 14 знаци дека тој не е вистинскиот, на ред се знаците кои ќе ви покажат дека тој некој е вистинскиот и вреди да го задржите покрај себе.

14-znaci-koi-ukazuvaat-deka-toj-e-vistinskiot-1

 1. Сака се да прави со тебе!

Планира заеднички одмор, смислува планови за иднина, каде би живееле, како би го поминувале денот и вечерта, со кои пријатели би излегувале заедно, како би стекнале заедничко богатство... Едноставно сака се да направи со тебе!


2. Имате заеднички капитал

И да не живеете заедно и да не делите ист буџет, плановите не се расипуваат ако едниот од партнерите е при крај со платата или од било која причина во моментот нема доволно пари.


3. Сексот е неверојатен

Тајната е во тоа што тој што те сака ќе сака да уживате заедно во сексот, нема да се фокусира само на своето задоволство, твоето ќе му биде поважно.


4. Ти подарува ситници без причина

Приврзок, фотографија, мече, љубовно писмо, омилено чоколадо, нараквица во омилената боја и што уште не што спаѓа во делот на ситници, но вреди цело богатство.


5. Комплиментот е задолжителен во неговиот дневен реперотар

Не поминува ден, а вие да не се почувствувате убаво, посакувано и секси во негово друштво.


6. Се грижи за тебе

Не може да замисли нешто да ти се случи бидејќи не сака да си го замисли животот без тебе. Едноставно, се грижи во границите на неговите можности за твојата безбедност.


7. Си ја погазува гордоста и се извинува за грешката

Не исчезнува без збор неколку дена додека стихијата не стивне, напротив се извинува доколку и виновен или се обидува да ја смири топката бидејќи не сака да ве изгуби поради гордоста.


8. Не се интересира за твоето минато

Бидејќи со тебе ужива во сегашноста и ја планира иднината, а тоа му е повеќе од доволно.


9. Ги почитува твоите пријатели, роднини, приватност...

Лозинки од социјални мрежи, проверка на телефон, испади пред твоите пријатели, забранување, непочитување на личностите кои ти значат, тоа за него не е потрбно бидејќи ти верува и сака да биде доброто момче во очите на тие што ти значат.


10. Навистина те слуша

Не се преправа дека те слуша, туку навистина е сконцентриран на тоа што имаш да му го кажеш. Кога ти ги трошиш твоите зборови за да му објаснеш нешто, зошто тој не би потрошил квалитетно време за да ги разбере.


11. Ужива во твоето друштво и преку ден, не само после полноќ во пијана состојба

Излегувате на свеж воздух или кафе и преку ден, а не само после полноќ во пијана состојба во ноќен клуб како што практикуваат повеќето момци во денешно време.


12. Те нарекува „моја”

Бидејќи те чувствува како своја, а тебе тоа ти е доволно да сфатиш дека е вистинскиот, твојот!


13. Со тебе прави работи кои што не ги направил во минатото со ниту една друга девојка

Без разлика дали се работи поврзани со секс, планови за иднина, изразување на чувства, едноставно со тебе се чувствува удобно да направи се што отсекогаш посакувал да направи со својата понежна половина.


14. Ти кажува дека „Те сака”!

Без да се срами, како секој останат изговор за неизразени чувства. Едноставно е, љубовта не може долго да се крие таму каде што ја има!

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg