Најчудните работи кои мажите ги обожаваат кај жените
Понекогаш е вистина дека сакаат да видат совршено средена жена, но има моменти кога се привлечени од голо, ненашминкано лице, широките тренерки и бушавата коса.
Што друго сакаат мажите кај понежниот пол, а никогаш не би претпоставиле?
1. Кога е апсолутно несредена
Да, мажите сакаат да видат жена која се потрудила да изгледа најдобро, но повеќе сакаат кога жената е во опуштено издание и несредена, затоа што имаат чувство дека тогаш најдобро ја запознаваат.
2. Стрии
Мажите кои станале татковци сакаат да ги видат лузните од нивното дете, од кои жените често се згрозени. Верувале или не, момците знаат да ги ценат.
3. Очила
Некои жени сонуваат за леќи, но голем дел од мажите буквално се палат на пар секси очила. Изгледа овој аксесоар најдобро им ја буди сексуалната желба и ги асоцира на нешто многу провокативно.
4. Кога жената нанесува шминка
Звучи чудно, но поголем дел од мажите сакаат да ја гледаат девојката додека се шминка. Ги фасцинира прецизноста и извежбаните движења.
5. Миење на косата
Додека на повеќето жени им е смачено миењето и сушењето на косата, момците обожаваат мокра коса, посебно ако е долга.
6. Кога вежба
Не е тајна дека мажите сакаат жени во топ форма. Уште повеќе сакаат кога ќе видат жена која добро се испотила и потрудила да го одржи телото.
7. Во негова маица
Многу мажи сметаат дека најсекси се жените облечени во машка облека. Затоа заборавете на скапата долна облека барем додека сте дома и заменете ја со машка кошула или обична памучна маица.