Сакам некој да ми покаже дека сум му доволна...

Понекогаш се прашувам како е можно да имам толку многу машки пријатели, а пак да сум сама? Со сите се зближувам, но никогаш доволно. Постојано има една точка до која што доаѓа нашиот однос и јас целосно се менувам. Има нешто што ме спречува да продолжам понатаму.

sakam-nekoj-koj-ke-mi-pokaze-deka-sum-mu-dovolna-01

Се сепнувам, застанувам и не можам ни чекор повеќе. Еднаш сфатив, кај секое момче има нешто што ме потсетува на мојот покоен татко, алкохоличар.

Тој ме научи на сè што беше негативно за еден маж. Тој ме научи да верувам дека не вредам ништо, дека никому не можам да му бидам важна, зашто не сум му ни доволна.

Тој ми покажа што значи болка, срам, страв. Сето тоа го гледав со денови и години.

Него го снема, но сите лоши спомени останаа. Колку и да се обидував да ги избришам, јас само ги закопував подлабоко во себе.

Изградив ѕид околу себе и не дозволував никој да го премине. Во секој што ќе ми се приближеше гледав некаков проблем.

Препознавав некоја маана од татко ми и не дозволував да ми се доближи повеќе од пријателската зона.

Некако се навикнав тоа да биде мојата комфорна зона во која само супер ќе се забавувам и дружам со сите пријатели, но ништо повеќе, за да не може уште некој да ми каже дека не сум доволно добра за него или дека не сум му доволна.

Се плашев да му се приближам повеќе на кој било, пропуштив многу шанси, но некако се убедив себеси дека не треба да барам нешто повеќе додека не научам да се ценам самата.

sakam-nekoj-koj-ke-mi-pokaze-deka-sum-mu-dovolna-1

Сфатив дека сенката на татко ми која постојано ме следи мора да исчезне. Мора да покажам и да докажам зошто сум добра и зошто заслужувам да бидам сакана. Но, не на другите, туку на себе.

Ќе дојде момент во животот кога ќе заборавам на татко ми и тогаш ќе се појави вистинскиот кој ќе ме подигне од место.

Дотогаш мора да се фокусирам не само на љубовта кон себе, туку и на потсетувањето дека доволно имам поминато во животот за да се откажувам од некого или нешто.

Имам големи очекувања затоа што знам што сакам од една врска. Некои велат, треба да бидеш со маж кој потсетува на твојот татко, но за мене тоа не е правило.

Јас сакам маж кој ќе ми покаже дека може да бидам сакана без разлика на мојот изглед, тежина или личен, емотивен багаж.

Сакам маж кој ќе ми помогне да го спуштам заштитниот ѕид пред него.

Сакам маж кој ќе ми покаже дека заслужувам да бидам сакана.

Сакам маж кој ќе ми покаже дека јас сум му доволна.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg