Кои се нашите сродни души?
Вистинската сродна душа е огледало, личност која ти покажува што се те спречува, личноста која те поттикнува да го промениш својот живот на подобро, тврди авторката на бестселерот „Јади, моли се, уживај“ Елизабет Гилберт.
Славната писателка во емисијата на Опра Винфри ја откри својата приказна и тоа како открила која е нејзината „сродна душа“.
По разводот Елизабет тргнала на пат за да се открие самата себе. Ја посетила Италија, Индија, но била и до Бали каде го запознала Бразилецот Хосе.
Кога тоа се случило, таа научила што значи зборот „сродна душа“, па и понатаму смета дека најверојатно нема сите да запловиме во брачни води со оние кои ги сметаме за „сродни души“.
Како што самата кажува, некои врски се толку силни и интензивни, што не можат да опстанат долго.
„Вистинската сродна душа веројатно е најважната личност која некогаш ќе ја сретнеш, затоа што ќе те тресне од ѕид и ќе те разбуди од сонот. Засекогаш да живееш со сродна душа? Нема шанси. Премногу е болно. Сродните души ти доаѓаат во животот само за да земат еден мал дел од тебе, а потоа да исчезнат. Заблагодари се за тоа“, пишува Елизабет, а истото тоа го повтори и во шоуто на Опра.
„Сродната душа никако не е некој за кој фантазираме, туку некој пред кој и со кој сме спокојни, потполно свои и на која можеме да и бидеме благодарни за самото присуство. А некогаш, затоа што драстично се менуваме, нашите сродни души сепак мораат да заминат. Така ни дозволуваат да продолжиме по својот пат, само посреќни и променети“.
Дали вие ја пронајдовте вашата?