Зарем не ти недостасувам?
Постојано пишувам за тебе кога ми се врти во главата, кога сум зашеметена. Пишувам, а подоцна се каам за секој напишан збор, потрошен на тебе.
Постојано пишувам за тебе кога не сум во состојба да направам ништо друго, освен да пишувам, после испушена цигара, со кафето во рака опиена од неговата арома и твојата љубов.
Опиена пишувам и се прашувам, дали не ти недостасувам?
Ниту ни за момент?
Нели се сеќаваш на сите убави мигови поминати заедно, зарем така ќе ги фрлиш во сеќавањата и твојот пакет во кој ги чуваш спомените од бившите?
Зарем не ти недостасувам, зарем не посакуваш да ме бакнеш повторно?
Да ме прегрнеш и без зборови да ми кажеш дека ме сакаш?
Зарем не ти недостасувам?
Зарем не се сеќаваш на сите денови поминати заедно, сите непроспиени ноќи во кои спиевме заедно, но не заспивавме?
Но, што е тука е, повторно ќе речам, повторно ќе напишам.
Ќе остане на тоа, јас ќе ти недостасувам тебе, но никогаш нема да се осмелиш повторно да ме земеш во прегратки бидејќи си зафатен гушкајќи го своето его, а јас мојата болка.
Сè уште се лажеш дека не ти недостасувам?