Ситници заради кои уште повеќе ќе ве сака: Женски постапки кои мажите ги обожаваат
Сите мажи сакаат кога нивната партнерка прави нешто единствено, без разлика дали станува збор за знак на срамежливост или типичен гест.
Ако понекогаш се прашувате што тој навистина мисли кога сте вие во прашање, тогаш одговорите пронајдете ги тука.
Ова се 6-те најчести ситници поради кои мажите уште повеќе се заљубуваат:
1. Сакам кога се смее на моите успешни, односно неуспешни шеги
„Кога ќе кажам нешто смешно, секогаш гледам како таа ќе реагира. А таа секогаш толку слатко се кикоти што посакувам да ја бакнам”.
2. Сакам кога ме гледа со љубов
„Понекогаш ја гледам како ме гледа, а таа нагло го свртува погледот. Тој нејзин поглед толку ме топи, бидејќи прави да се чувствувам посакувано”.
3. Го сакам нејзиниот заштитен знак
„Кога е малку нервозна, има обичај да земе еден прамен од косата и да го витка, а мене тоа ми изгледа толку слатко”.
4. Сакам кога е малку груба
„Сакам кога ќе ме зграби и ќе ме прегрне одзади без да гледам или кога ќе ме гризне додека се бакнуваме”.
5. Сакам кога си игра со мојата коса или ме масира
„Кога ќе ми го измасира грбот и рамениците, со тоа ми прави нешто најубаво на свет. Исто така, начинот на кој си игра со мојата коса е исто така апсолутно единствен”.
6. Сакам кога се гали со мене
„Сакам кога пред да заспие слатко се гали со мене, но бара и јас да ја галам и тоа е навистина нешто пред кое не можете да останете рамнодушни”.