Таа не сака филмска љубов, туку нешто сосемa друго

Непишано правило е дека сите девојки сонуваат за романтика и љубов како во филмовите кои ги гледаат. Но, таа не е како сите девојки. За неа романтичниот филм е само филм. Таа сака вистинска романтика, која воопшто не личи на филмската.

taa-ne-saka-filmska-ljubov-tuku-nesto-sosema-drugo-01

Има видено многу и поминато низ многу нешта за да знае дека вистинската романтика е сосема поинаква од филмската.

Додека во филмовите дијамантските подароци и свечените вечери имаат главен акцент за романтика, таа попрво би одбрала да јадете заедно пица во петок навечер облечени по пижами.

За неа не е толку романтично да ѝ кажеш дека ѝ е убава косата после фризер, колку што сака да ѝ кажеш дека е прекрасна кога спие или се буди, иако знае дека не е во најдобро издание.

Нејзината романтика не значи дека очекува јавно да кажуваш колку ја сакаш пред сите, туку кога тоа и го покажуваш додека лежи до тебе, се допирате со прстите и се скокоткате без престан.

Поромантично ѝ е кога едвај ги изговарате двата збора „Те сакам“, додека се гледате во очи и поцрвенувате, отколку кога тоа го кажувате или пишувате каде стигнете.

Таа не очекува вашата љубов да биде на прв поглед како во филмовите. Таа знае дека постои привлечност на прв поглед, но не и љубов.

Љубовта е составена од мали, едноставни, секојдневни нешта и моменти кои можеби и не ги сметате за важни.

taa-ne-saka-filmska-ljubov-tuku-nesto-sosema-drugo-3.jpg

Појадувате заедно житарки, уживате во сочниот хамбургер без да броите калории, возите велосипеди и се натпреварувате кој попрво ќе стигне до целта, гледате заедно фудбал, но сакате и да одите во театар или пиете пиво во паб.

Ги имате сите тие мали разговори  и провокации со мисли кои само вие си ги разбирате, шеги кои само вас ви се смешни.

Тогаш се вљубувате. Затоа што се познавате меѓусебно во најобичните, најдобрите и најлошите секојдневни верзии и сè уште сакате да сте заедно.

Целиот тој процес не е интересен за никој друг освен за вас двајца. Не личи на ниедно реално шоу кое би сакале да го гледаат милиони или приказна за која би се снимило филм.

Таа се чувствува сигурна, но би преземала и ризик со тебе.

Знае дека може да те повреди и ти знаеш дека можеш да ја повредиш, но затоа внимавате повеќе еден на друг.

taa-ne-saka-filmska-ljubov-tuku-nesto-sosema-drugo-1.jpg

И понатаму сака да ги гледа романтичните филмови, но за неа тоа се само добро пополнети 2 часа од слободното време.

Не ги гледа како нешто повеќе од филмови и знае дека тие мора да изгледаат така за да бидат интересни. Но, во нив нема време за најважните сцени од вистинската романтика во животот.

Нема 15 минути во потполна тишина или 5-минутно смеење наутро после пијана вечер. Нема ниту долго појадување житарки и зборување само со очите или тивко шепотење до доцна во ноќта.

Филмовите се бегство од реалноста, но таа не сака да избега од неа. Бидејќи ти си нејзината реалност. Таа те сака затоа што си вистински, искрен, нормален и сосема обичен.

Ги сака сите секојдневни моменти кога ја правиш среќна. Понекогаш се случува и нешто спектакуларно, но најчесто сè е обично. Но, таа нема потреба да го измислува.

Таа не сака дијаманти сè додека може да појадува житарки со тебе!

taa-ne-saka-filmska-ljubov-tuku-nesto-sosema-drugo-4.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg