3 најчести машки изговори за раскинување: Ти си совршена, проблемот е во мене!
Кога се во прашање раскинувањата, мажите најчесто избегнуваат директен разговор и се обидуваат на најбрз можен начин да ја завршат целата ситуација. Дури се подготвени и целата вина да ја преземат на себе, само за да нсе вовлечат во некаква драма.
Според едно неодамнешно истражување кое ги вклучило и мажите над 35 години кои зад себе имаат повеќе од 5 љубовни врски, откриени се нивните најчести изговори кои немаат врска со вистината, но повеќето ги користат.
1. Не сум подготвен за врска
Неподготвеноста за сериозна врска може да биде оправдување единствено кога фазата ан краткотрајно дружење не прерасне во нешто посериозно. Но, ако сте поминале неколку месеци во размена на најинтимни моменти, оваа изјава е чиста лага.
Мажите со овој изговор само ја потврдуваат својата незрелост и неподготвеност за сериозна врска, а стручњаците советуваат дека врската со нив е само губење време и труд. Веројатно, вашата заедничка дружба за него била само забава. Дури 44 отсто од мажите го користат овој изговор како најлесна опција.
2. Заслужуваш нешто подобро од мене
За да излезат од врската со чист образ, мажите се подготвени да се стават и во позиција на жртва, па како изговор за раскинување често истакнуваат дека не можат да ѝ го понудат на партнерката она што таа го заслужува. Со тоа ѝ придаваат значење дека таа вреди многу повеќе и дека треба да си најде некој друг, достоен за неа. Со овој изговор се послужиле околу 32 отсто од мажите.
3. Проблемот е во мене, ти си совршена
Способноста да се извлечат од врската без преголеми драми на мажите им е специјална дарба, со тоа што ја преземаат улогата на виновници, се трудат да не ја повредат партнерката и ги имаат сите пофалби за неа. За сите проблеми се обвинуваат себе и се трудат да ја убедат дека не ја заслужуваат за таа да сака да си замине од нив. Овој лажен изговор го користат околу 24 отсто од мажите.
Момци, какви лажни изговори за раскинување најчесто користите?