Овие големи грешки ги направив како сопруга и сега сум бивша

Слоен Бредшо била 10 години ви брак. Но, тој завршил кога сопругот ја изневерил и оставил за друга жена.

ovie-golemi-greski-gi-napraviv-kako-sopruga-i-sega-sum-bivsa-01.jpg

Сега, откако престанала да беснее, таа открива како самата е виновна за она што и се случило.

„Сопругот ме изневери и остави. Претходно ме избегнуваше и да се оптоварува со работа. Прво му ја префрлив вината затоа што ме лаже, изневерува и го запоставува семејството, но не бев во право.

Јас се фокусирав само на себе, на својата улога како нежна и несебична жена, на сликата која ја создадов сама за себе. Тек кога пронајдов добар терапевт сфатив што правам.

И тоа не беше убаво откритие.

Сега знам дека овие 4 работи ми го уништија бракот:

1. Ги ставав децата на прво место

Лесно е да ги сакаш своите деца, за тоа не треба многу труд. За бракот е потребен труд. А кога и да требаше да се грижам за бракот, бев зафатена со децата. Често планирав нешто што мојот сопруг не можеше да направи. Голем број на ноќи поминав во креветите на децата, кривејќи го што рчи.


2. Не им поставив граници на своите родители

Моите родители често доаѓаа кај нас, често и ненајавени. Одеа на одмори со нас. Ги караа нашите деца пред нас. Мојот страв да не ги навредам ме спречи да поставам граници. Заради тоа мојот сопруг беше оженет со моето семејство, не со мене.


3. Му ја одземав машкоста

Мислев дека во љубовта најважна е искреноста, а сите знаеме дека вистината боли. Постојано негативно му зборував за неговите другари, за неговата мајка, за колегите.

Наместо да му го зајакнам егото, јас му го распарчив. Често го потценував, му зборував како не е важен. Му висев на глава за работите кои ги погреши. Понекогаш зборував со него како да е дете, како ништо да не разбира.


4. Не се трудев ниту да научам да се карам

Да, постои вистински начин на кој треба да се расправате. Јас често се трудев да премолчам некои големи работи, а малите кои ме нервираа постојано еруптираа. Токму затоа станав страшна од сите мои изливи на бес.

Овој текст не го напишав за да го вратам, ниту да му барам простување. Го напишав бидејќи не можев да верувам колку долго ја држев главата во темнина.

Уште ме боли што мојот маж се одлучи да го најде решението на проблемите во креветот на некоја друга жена, но сега барем знам дека не е виновен само тој.“

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg