Проверете дали е нормален „таму доле“

Не постојат двајца исти мажи, а тоа се однесува и на нивните пениси. Па, ако ве интересира што е нормално, а што не, ова се одговорите кои ви се потребни.

doznajte-dali-e-normalen-tamu-dole-01.jpg

1. Дали е лошо ако понекогаш е посебно тврд, а некогаш помек за време на сексот?

Кај мажите се можни повеќе цврстини на пенисот и тоа не секогаш е тесно поврзано со интензитетот на возбуда. Неговата цврстина може да варира во зависност од тоа колку долго сте сексуално активни. Покрај тоа, големо влијание има стресот, земањето одредени лекови, како и заморот.


2. Некои мажи имаат мазен пенис, а кај други тој е прошаран со вени. Што е нормално?

Не постои стандард. Пенисот на мажите кои имаат тенка кожа делува прошарано, додека кај оние со подебела кожа има само неколку видливи вени. Тука нема ништо чудно и ненормално.


3. Дали постои вообичаена големина за тестисите и дали би требало да се идентични?

Би требало да бидат со приближна големина на орев во лушпа. Ако се помали тоа може да укажува на ниско ниво на тестостерон, што значи дека можни се проблеми со плодноста. И да, би требало да бидат со иста големина.


4. Дали закривениот пенис укажува на некој проблем?

Зависи од интензитетот на закривеноста. Ако е благо закривен, тогаш тоа може да биде и предност за партнерката. Но, ако постои прилично видливо закривување или прекршување - се работи за проблем со ткивото. Иако е ретко, закривувањето може да биде предизвикано од повреда, па затоа добро би било да се провери.


5. Колку ерекции би требало да има во текот на денот?

Би требало да бидат повеќе од 0, а освен тоа не постои точен број. Не секогаш мажите се возбудени кога доживуваат ерекција. Причината за тоа е дотокот на крв кој е задолжен за здравото функционирање на машкиот полов орган. Повеќето мажи исто така имаат околу 8 ерекции во текот на ноќта, но тоа не секогаш значи дека ја сонувале Кејт Аптон.


6. Дали е чудно ако кожата на неговиот пенис има повеќе различни нијанси?

Најчесто не е. Зависно од крвните садови и нивната видливост, бојата на кожата може да варира од светло розова до виолетова. Сепак, бидете внимателни ако забележите црвенило кое може да укажува на инфекции или алергиски реакции. Во тој случај, обратете се кај лекар.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg