5 работи кои не смеат да и се доближат на женската вагина
Женската интимна зона е прилично чувствителна, па дури и кога некои работи ви делуваат безопасно, големи се шансите дека ќе завршите со инфекција или иритација.
Затоа, важно е да знаете дека овие 5 работи никако не смеете да ги доближите до женската вагина:
1. Пластични и гумени играчки
По извесно време користење, вибраторите од мека пластика може да се вдлабнат, а тие мали пукнатини се идеални за создавање на скриени бактерии. Затоа ако веќе се одлучувате за секси играчки, избирајте силиконски, пластични или од нерѓосувачки челик. И не заборавајте да ја одржувате нивната чистота.
2. Маслени лубриканти
Лубрикантот е одличен изум и значително може да го подобри сексуалниот живот. Но, избегнувајте ги оние кои во себе содржат масло или вазелин. Таквите лубриканти се тешки за измивање, со што се идеални за размножување на бактерии.
3. Интимни сапуни
Многу гинеколози тврдат дека интимните сапуни, дезодоранси и влажни марамчиња се потполно непотребни затоа што вагината се чисти речиси сама. Со сите хемикалии во овие производи само може да ја исушите и иритирате вагината.
4. Шлаг и чоколадо
Фантазијата нема крај, но ако си играте со чоколадо и шлаг, оваа секси игра може да заврши со трагични последици. Шеќерот во допир со слузокожата на вагината може да ја поремети pH вредноста, што понатаму води до габични инфекции.
5. Крема за депилација
Хемикалиите во овие креми се претерано силни и никако не смее да дојдат во допир со интимната зона. Покрај алергиските реакции, многу лесно може да закачите сериозни инфекции.