10 работи за флертувањето кои треба да ги знаете

Ретко сме во ситуација кога можеме да видиме како флертувањето навистина функционира во реалноста, па сѐ што знаеме се заснова на тоа што сме го виделе во филмовите или на тоа што нѐ посоветувале пријателите.

10-raboti-za-flertot-koi-treba-da-gi-znaete-1

Повеќето работи кои сте ги чуле и дознале за флертот, а посебно оние кои сте ги виделе на филмовите не функционираат баш така во реалноста.

Ова се најважните 10 работи за флертот кои треба да ги знаете:

1. Постојат 5 видови на флерт

Можеби мислите дека тие се допирите на раката или намигнувањето, но грешите. Петте видови флерт се: традиционален, психички, учтив, игрив и искрен. Повеќето сметаат дека флертот се состои исклучиво од игривоста.

2. Контактот со очи ве прави попривлечни

Откако ќе се насмевнете некому, следен доаѓа контактот со очи. Тоа е голем сигнал кој значи дека сте заинтересирани, а и токму тогаш растат љубовните чувства и страста.

3. Допирите се задолжителни

Мажите обично се ладни за време на флертот, додека девојките се служат со допирите кога заведуваат. Постојат три нивоа на допири: пријателски (тапкање по рамо), свесно и разумно допирање (околу половината и вратот) и таканареченото нуклеарно допирање (на лицето).

4. Правењето „тешка/тежок за освојување” навистина функционира

Ако себе се претставувате како личност која е тешко да се освои, тогаш интересот за вас расте. Да бидеме реални, луѓето го сакаат тоа што не можат да го имаат.

5. За мажите, годините не се фактор

Кога станува збор за флерт, мажите велат дека не ги интересира колку години има жената.

10-raboti-za-flertuvanjeto-koi-treba-da-gi-znaete-3.jpg

6. Начинот на зборување е клучен

Мажите не умеат баш најдобро да го користат својот секси глас и тука секако во предност се дамите. Тие знаат кога да употребат нежни шепоти и да манипулираат со гласот.

7. Начинот на држење на главата

Кога главата ви е крената високо, тогаш полесно може да ви се пристапи и тоа е знак дека сте отворени за флерт. Спротивно од тоа кога погледот ни е спуштен и гледаме пред себе.

8. Моќта на црвеното

Уште една предност на жените е токму моќта на црвениот фустан или кармин, кој покажува дека таа има самодоверба. Без сомнение, сите очи се насочени кон неа.

9. Да се биде директен е успех

Мажите секогаш преферираат кога жената јасно и гласно кажува што точно сака, без скриени знаци.

10. Флертот е добар за вас

Докажано е дека луѓето кои редовно флертуваат се поздрави од оние кои не го прават тоа. 

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg