Овие 5 мажи се кошмар за вашиот дечко

Иако мислите дека вашиот дечко или сопруг нема проблем со довербата и самодовербата, многу е голема веројатноста да „откачува“ кога и да слушне вест поврзана со овие 5 мажи:

ovie-5-mazi-se-kosmar-za-vasiot-decko-01.jpg

Вашиот татко

Многу добро знае дека вашиот татко е свесен што правите кога сте сами и тоа му создава нервоза. Плус, секогаш му се чини дека тој има израз на лицето како да не го поднесува. Сепак, по извесно време ќе се опушти и ќе разбере дека и двајцата го сакаат само најдоброто за вас.


Вашиот брат

Или попрецизно, вашиот заштитнички настроен брат кој веројатно во секоја можна прилика го предупредува да внимава што прави, каде оди, со кого се гледа и како се однесува.


Вашиот шеф

Во секој тип е присутна мала или голема доза на љубомора, затоа што не му е мило што секој ден се гледате со истиот човек по најмалку 8 часа. Без оглед на тоа дали тој е злобен и ве малтретира или љубезен и пријатен, вашиот шеф никогаш нема да му биде симпатичен.


Вашиот најдобар пријател

Поточно, сите машки пријатели со кои си ги довршувате речениците и делите убави спомени од детството. Верувајте дека нема партнер кој не се запрашал дали тука има нешто повеќе од пријателство.


Вашиот бивши

Самиот факт дека ве бакнувал, ве прегрнувал или спиел со вас, му го подига притисокот. Па тука следат чувствата за кои не знае дали завршиле или уште постојат шанси да се смирите.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg