Како да го скротите фраерот во врската?
Сте го освоиле фраерот од соништата кој сите го посакувале и сè би било во ред доколку тој фраер не би се однесувал фраерски во врската, а тоа значи препотентно и арогантно, ладен и без емоции.
Ова се три чекори со кои ќе го скротите веднаш како мало маче кое ќе преде во вашиот скут.
Излегувајте почесто, без него!
Не му посветувајте премногу внимание, бидејќи тоа него веќе не му е интересно. Излегувајте почесто сами, со вашите згодни пријатели, бидејќи тоа ќе го извади од такт и ќе го натера повеќе да се потруди околу вас кога ќе почувствува љубомора.
Играјте на картата на игнорирањето
Освен што нема да му посветувате внимание, љубов и време бидејќи тоа сте го правеле постојано, но тој не забележал, играјте на картата на игнорирањето. Нека почувствува што сè добивал од вас, дури кога тоа повеќе го нема. Тоа ќе го натера да се обидува да го добие вашето внимание, љубов и време плашејќи се дека ги загубил.
Преминете на секс картата
Доколку сè уште сте немале сексуални односи со него, започнете да му испраќате лажни сигнали дека го посакувате, а во наредниот момент бидете ладни како мраз. Тоа ќе го полуди бидејќи е добро позната тактиката топло-ладно која може да го скроти секој фраер, па дури и вашиот!