10 Заповеди на секоја среќна врска
Кавгите и несогласувањата се составен дел од секоја врска, а доколку партнерите еднакво учествуваат во сѐ и заеднички ја градат иднината, тогаш нивната врска ќе биде совршена.
Да се признае вината, да се замолчи кога тоа е потребно или да се биде љубезен кога сме имале лош ден е тешко, но и за тоа постои решение.
Ова се 10-те заповеди со чија помош секоја врска или брак ќе станат совршени:
1. Можете да се налутите, но никогаш не се лутете двајцата во исто време.
2. Не викајте еден на друг, освен ако нешто не гори.
3. Ако некој мора да победи во кавгата, тогаш секогаш победник нека биде другиот.
4. Ако мислите да упатите критика кон партнерот или партнерката, тоа нека биде на нежен начин.
5. Никогаш не ги споменувајте грешките од минатото.
6. Подобро да го занемарите целиот свет, отколку партнерот/партнерката.
7. Не заминувајте на спиење, пред да ги решите несогласувањата.
8. Секој ден пронајди барем еден убав збор за партнерот, односно партнерката.
9. Ако грешиш, биди подготвен/а тоа да го признаеш и да го употребиш зборот „извини”.
10. За кавга се потребни двајца, а најчесто виновен е оној кој е погласен.