Исповед на еден изневерен маж: Сакав да ја прегрнам кога ми кажа дека има љубовник

Тие биле заедно уште од факултетските денови. Повеќе од половина живот го поминале заедно, но наеднаш нешто почнало да се менува во негативна насока. За жал тоа го сфатиле кога веќе било доцна за каење.

ispoved-na-eden-izneveren-maz-sakav-da-ja-pregrnam-koga-mi-kaza-deka-ima-ljubovnik-01.jpg

Вака тој ја раскажува нивната приказна:

 „Таа беше депресивна, повремено користеше таблети за смирување и се бореше со напади на паника.

Секогаш ми кажуваше што и како требало да направам нешто, а јас сум заборавил. Вечеравме набрзина, не разговаравме многу, освен за некоја ТВ програма и највозбудлив заеднички интерес ни беше играта Candy Crash.

За сето тоа најчесто вината ја гледав во работата каде јас пропаѓав, а таа напредуваше. Го гледав нашиот брак како се распаѓа заради надворешни проблеми, но не се потрудив да размислам подлабоко.

Неколку дена пред нашата осма годишнина ми кажа дека нашиот брак е завршен. Повеќе се сеќавам на пулсот што го чувствував отколку на деталите на разговорот, но едно нешто што таа го кажа нема да го заборавам: „Ја изгубивме заедничката цел“.

Нејзиниот тон беше цврст и со јасна намера, не го спомна зборот „развод“, но не го ни исклучи.

Нашите вообичаени цели до тогаш беа: венчавка, купување стан, уредување на домот и потомство. Последната цел ја одложивме по многуте обиди во разни клиники и многу потрошени пари на третмани. Сфативме дека и двајцата можеме да се помириме со тоа дека нема да имаме деца.

Во последно време најмногу што правев за неа беше појадокот во кревет, кафето и еднаш во неделата што ја доведував до оргазам.

Кога излеговме да ја прославиме годишнината таа ми призна дека има љубовник веќе месец и пол и почна да плаче.

Прво посакав да ја прегрнам затоа што сигурно не ѝ беше лесно тоа да го признае. Имаше мешавина од емоции и мисли. Но, по некое време сфатив дека ја губам. Тогаш почнав и јас да плачам, првпат по многу години.

По некое време следуваа прашањата, дали е богат, дали е подобар во сексот, дали планира нешто со него. Според одговорите, на почетокот тоа беше само љубовна необврзна афера во која не сакав да се мешам.

Со оглед на моите маани се чувствував дури и среќно со нејзиното признание, знаејќи дека и таа не е совршена.

Откако се оддалечивме станавме подобри личности. Таа имаше време за сите пријателки, кафиња разговори. Јас почнав да тренирам и за првпат имав плочки на стомакот, а можев и да се посветам на моето хоби - пишувањето.

Едноставно беше. Јас ѝ ја дадов неа слободата, таа мене, а пак останавме во контакт. Дури средбите беа позабавни од претходно. Се смеевме, зборувавме и танцувавме.

По една караница, пуштив некоја песна, а таа почна да танцува. Тоа траеше додека таа не заплака на моето рамо и ме замоли да ја исклучам песната.

Нејзината афера беше во мирување, но не и официјалнмо завршена. Сепак, просторот кој си го дадаовме само повеќе нè зближи.

Сфативме дека нејзините слабости ги дополнуваат моите. Можеби сè беше до тоа да се ослободат нејзините потреби и  да ја отфрли несигурноста.

Што ќе биде до крајот не знам, но нејзина афера не го запечати нашиот брак, а тоа е најважно.“

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg